06 Декември, 2025
0.0283

325 илјади евра ќе чини одржувањето на фонтаните и спомениците

Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2014 08:43

Добивај вести на Viber

Градежната компанија Бетон ќе добие 325 200 евра од касата на градоначалникот Коце Трјановски за да ги одржува фонтаните и спомен обележјата во метрополата. Договорот меѓу надлежните во Бетон и Градот Скопје е веќе склучен, односно потписите се ставени пред една недела. Вчера пак истиот е доставен до Бирото за јавни набавки. Според официјалните податоци, градежната компанија Бетон ќе има обврска да ги одржува фонтаните и спомен обележјата во период од 12 месеци, односно до јуни следната година. Интерeсно е дека понуда на овој тендер доставила само една компанија, со која и бил склучен договорот. Одржувањето на спомениците од проектот „Скопје 2014“ , отиде во рацете на Коце Трајановски, откако Андреј Жерновски седна во градоначалничкта фотења на општина Центар, а советниците одлучија таа ипштина нема намера да троши пари за одржување на спомениците. По ова, грижата за спомениците отиде во рацете на Трајанов Нејасно е дали оваа сума, што сега ја добива Бетон е вкупната сума што градските власти ќе ја потрошат за комплетно одржување на сите споменици од проктот „Скопје 2014“ или таа опфаќа само дел. Лани, кога Жерновски донесе одлука да не се грижи за спомениците, посочи дека само за едногодишно одржување на фонтаната на Александар Македонски и двете фонтани во Вардар потрошени биле околу 145.000 евра, од кои 35.000 евра само за струја. А, за одржување на сите споменици и фонтани, не вклучувајќи ги плоштадите „Пресвета Богородица“, „Карпошово востание“ и мостовите „Око“ и оној на уметноста, Општината на годишно ниво има дополнителен трошок од околу 255.000 евра. За физичкото обезбедување Општината за период од две години ќе треба да плати речиси 60.000 евра. За одржувањето на вечниот пламен во паркот „Жена-борец“ општинската каса треба да е покуса за 7.000 евра, а две полнења на резерватот во период од шест месеци чини околу 3.500 евра. За фонтаните ќе се потроши половина до сумата што се планира за изградба на јавно осветлување Одржувањето на фонтаните и спомен обележјата во Скопје, ќе чини речиси колку половина од парите што градот планира годинава да ги потроши за изградба на јавното осветлување на улиците во метрополата. Кои се во надлежност на Град Скопје. Односно, според буџетските проекции, градските власти годинава планираат да потрошат 780 илјади евра за да се обезбеди квалитетно јавно осветлување на магистралните и собирните улици, кои се во надлежност на Град Скопје, со што треба да се овозможи поголема безбедност на учесниците во сообараќајот. Ако пак се прават други паралели, ќе се види дека градски власти планираат годинава да потрошат 244 илјади евра за енергетска ефикасност во училиштата. При тоа во анализата на пдоатоците се гледа дека има намалување на сумата за оваа ставка во однос од претходната година. А сумата што градските власти планираат да ја потрошат за енергетска ефикасност е помала од онаа што ќе се потроши за одржување на фонтаните и спомен обележјата. Н.С.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија