05 Декември, 2025
0.0547

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2025 21:12

Добивај вести на Viber

По осум успешно реализирани есенски акции, националната волонтерска акција БОPЕНКА ја привршува сезоната со голема завршна акција токму на 5 декември – Светскиот ден на волонтерите.

И оваа година, преку заедничката работа на Сојузот на извидници на Македонија, стотици волонтери и стручните екипи на ЈП Национални шуми продолжија со обновување на опожарените и деградирани шумски површини низ земјата.

Во текот на есента 2025, на девет различни акции низ државата беа засадени приближно 40.000 садници, или околу 5.000 садници по акција, резултат кој уште еднаш ја потврдува силата на волонтерството и одличната координација со Национални шуми.

Завршната, деветта акција за оваа сезона се реализираше денес, на 5ти декември, во близина на Демир Капија на локацијата Гоцева Шума. На терен се приклучија над 200 млади волонтери извидници, кои заедно со екипите на Национални шуми го одбележаа Светскиот ден на волонтерите преку дело - создавање нов живот таму каде што најмногу е потребно.

На акцијата во организација волонтерите беа придружени од Заменик Министерката на Министерство за животна средина и просторно планирање , Генералниот Директор на ЈП Национални Шуми, Градоначалничките на Општина Неготино и Општина Демир Капија, ЈП Национални Шуми - Демир Капија како и припадниците на АРМ од ВП Криволак и ВП Велес. 

Самата акција беше исполнета со убава волонтерска енергија благодарение на младите извидници од Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. 

БОPЕНКА е силен пример за силна соработка меѓу институции и граѓани.

Со поддршка од институциите, со техничката и стручна логистика на Национални шуми, и со посветеноста на извидниците и младите волонтери, Боренка останува еден од најуспешните модели на долгорочно пошумување, еколошко образование и градење позитивни навики кај младите.

Ова пошумување е спроведено од страна на Национални шуми, а поддржано преку соработката со проектот GEF6 – Одржливо управување со земјиштето - проект на Министерството за животна средина и просторно планирање, како и Програмата за животна средина на Обединетите Нации – UN Environment Programme (UNEP).

На Светскиот ден на волонтерите, ја завршуваме сезоната со силна порака: кога сите работиме заедно – природата секогаш победува.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“