17 Април, 2025
0.0732

НОВИ АПСЕЊА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ, ИСТРАГАТА СЕ ПРОШИРУВА ЗА 23 ЛИЦА - дали се уапсени Шабан Салиу, Ваљон Сарачини и Беким Незири

Објавено во: Македонија 12 Април, 2025 10:44

Добивај вести на Viber

Во рамки на истрагата за трагичниот пожар во Кочани во кој загинаа 61 лице, полицијата ги привела поранешните министри за економија Ваљон Сарачини и Беким Незири, кадри на ДУИ, како и актуелниот министер без ресор и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Шабан Салиу, дознава „360 степени“ од извор во истрагата. Меѓу уапсените е и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами, кадар на ВЛЕН, пренесува 360 степени.

Според информациите објавени на порталот 360 степени, истрагата се проширува за 23 нови осомничени. Деветнаесет од нив се приведени или се приведуваат. Од нив за еден е утврдено дека не е во земјава. Станува збор за Дритон Кучи, исто така поранешен министер за економија како кадар на ДУИ, кој во моментов е амбасадор на земјава во Кралството Норвешка, се наведува во информацијата.

Според начинот на кој Обвинителство ја води истрагата, сомневањата се дека во Министерство за економија и во ДЗС, но не и кај раководството на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), постои причинско-последична врска од 2012 г. до моментот на пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани.

Според информациите на 360 степени, сите што биле министри за економија и директори на ДЗС од 2012 година, вклучително и актуелниот директор на ДЗС, се уапсени. Актуелниот министер за економија Бесар Дурмиши не е осомничен.

Во ОЈО Кочани во тек е истражна постапка во врска со пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани кој се случи на 16 март.

Од обвинителството потврдија.

„По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на истрагата за пожарот во Кочани. Надлежните иституциите ќе ја информираат јавноста координирано штом бидат завршени дејствијата кои се  во тек“, велат оттаму.

Можеби ќе ве интересира

ВАПСАНИ ЈАЈЦА И ОБРОЦИ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ ГРАЃАНИ - се вклучи и сопругата на премиерот Рози Мицкоска

ВАПСАНИ ЈАЈЦА И ОБРОЦИ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ ГРАЃАНИ - се вклучи и сопругата на премиерот Рози Мицкоска

ДУИ ПРАШУВА: Дали е вистина дека еден обвинител се повлекол од истрагата, и зошто само Крешник Бектеши останува во притвор?

ДУИ ПРАШУВА: Дали е вистина дека еден обвинител се повлекол од истрагата, и зошто само Крешник Бектеши останува во притвор?

ВМРО-ДПМНЕ бара извинување: Уставните измени како единствен услов испаднаа лаги

ВМРО-ДПМНЕ бара извинување: Уставните измени како единствен услов испаднаа лаги

СЛЕДНА НА РЕД Е ЗГРАДАТА НА УЛИЦА НИКОЛА ПАРАПУНОВ: Јакимовски беше во инспекција и испрати силна порака до граѓаните

СЛЕДНА НА РЕД Е ЗГРАДАТА НА УЛИЦА НИКОЛА ПАРАПУНОВ: Јакимовски беше во инспекција и испрати силна порака до граѓаните

ПРЕБЛАГА Е КАЗНАТА ЗА УБИЕЦОТ НА ТЕОДОРА: ОЈО ја обжали пресудата на судот во Тетово

ПРЕБЛАГА Е КАЗНАТА ЗА УБИЕЦОТ НА ТЕОДОРА: ОЈО ја обжали пресудата на судот во Тетово

Директорот на Железници Инфраструктура: Ќе ја уапсиме цела криминална банда што краде

Директорот на Железници Инфраструктура: Ќе ја уапсиме цела криминална банда што краде

ОД ДЕНЕСКА ПА ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ: Сообраќајот на автопатот Демир Капија-Смоквица ќе се одвива само по левиот тунел

ОД ДЕНЕСКА ПА ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ: Сообраќајот на автопатот Демир Капија-Смоквица ќе се одвива само по левиот тунел

СЕПАК ТРЕБА ПОЗНАВАЊЕ ОД ХЕМИЈА: Еве како војската учи за хемиска стабилност на барути

СЕПАК ТРЕБА ПОЗНАВАЊЕ ОД ХЕМИЈА: Еве како војската учи за хемиска стабилност на барути

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓа невреме во Македонија!

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓа невреме во Македонија!