365 дена подоцна: Нигериски ученички уште се во рацете на „Боко Харам“
Објавено во: Свет 14 Април, 2015 19:09
Денес поминува една година откако над 200 нигериски ученички на возраст меѓу 12 и 18 години беа киднапирани од жестоката исламистичка група „Боко Харам“. Мал дел од нив беа ослободени, но повеќето сеуште се во заробеништво на терористите.
Церемонијата по повод грабнувањето на девојќите ќе се одржи во неколку градови во светот. Во главниот град на Нигерија Абуџа ќе има поворка, во која ќе учествуваат 219 девојки - колку што беа киднапирани.
Ужасот се десил пред 365 дена во Чибук во североисточниот дел на земјата. Тој предизвика бес низ целиот свет и се „роди“ кампањата „BringBackOurGirls“ („Вратете ни ги девојките“), која беше поддржана и од голем број познати личности, меѓу кои првата дама на САД Мишел Обама, добитничката на Нобеловата награда за мир и актерката Ема Вотсон .
До спасување на девојките сепак и не дојде. Со времето за случајот се зборуваше се помалку, а роднините на девојките раскажуваат дека властите се откажале од пребарувањето.
Во видео обраќањата на борци од „Боко Харам“ изјавиле дека девојките го прифатиле исламот (веројатно насилно, бидејќи повеќето од нив беа од христијански семејства) и биле мажени за членови на групата. Се смета дека некои од нив се терани за да учествуваат во воените акции. „Боко Харам“ повеќепати користеле девојки за самоубиствени напади.
Поранешниот претседател на Нигерија Гудлак Џонсон беше предмет на остри критики поради неактивност за случајот. Иако тврдеше дека мерките против групата се превземаат, таа продолжува да беснее низ земјата и да убива невини луѓе. Властите беа критикувани и поради недостатокот на информации за прогресот на истрагата.
Победникот на неодамнешните избори наследникот на Џонсон - Мухамаду Букхари, вети дека ќе ја „смачка“ групата и дека „Владата ќе направи се што е можно да се врати девојките“. Сепак тој додал дека: „Колку и да сакам, не можам да ветам дека ќе ги најдеме“.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




