15 Декември, 2025
0.0621

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

Објавено во: Економија 15 Декември, 2025 10:02

Добивај вести на Viber

Владата минатата недела службено го усвои и го објави првиот годишен енергетски инвестициски план на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и според тоа познато е кои инвеститори ќе ги изградат првите батериски системи за складирање на електрична енергија.

„Доставени се вкупно 37 иницијативи за изградба на изолирани складишта на електрична енергија, со цел приклучување на електродистрибутивниот систем и обезбедување стабилност, сигурност и флексибилност на мрежата. Вкупната инсталирана моќност на изолираните складишта изнесува 675,624 MW со вкупен капацитет за складирање е 1863,896 MWh“, сумирано е во годишниот план.

Инвестициите одобрени заради поефикасен и независен електроенергетски систем во земјата, се одобрени и од операторите на електропреносниот систем МЕПСО и на електродистрибутивната мрежа ЕВН Електродистрибуција. Локациите на овие батериски системи не се познати, односно не се објавени. Треба да се каже и тоа дека повеќето инвеститори од листата се новоосновани фирми.

БЕСС Проект, фирма основана во 2024 во Македонија од хрватската IE-Energy, планира да изгради складиште од 90 мегавати. На второ место е Тесса Груп со 61,66 мегавати во сопственост на бизнисменот Ајри Шеј, кој веќе ја поседува топланата во Скопје Север и таму најавува изградба на гасна централа.  Складишта од по 50 мегавати најавуваат и Дабур 1 и Пробат Енергија на Александар Влахо, Бат Иненеринг на извесен Даниел Поповски и ОСМ Солар на бугарската „Реналфа“ која веќе во Осломеј ја поседува една од најголемите фотонапонски централи во јавно-приватно партнерство со ЕСМ. 

По 40 мегавати треба да имаат Виенто Енергетико и Биг Сториџ на Бранко Георгиевски, спственикот на градежната компанија „Биси“. Исто толку големо складиште најавува и Биг Енерџи Солутионс на име на сопругата на Ивица Георгиевски, исто така сопственик на „Биси“. Како поединец исто толкава инсталација пријавил за изградба и извесен Мартин Кочков, а потоа следи Б&Х Солар Енерџи на Украинецот Јевген Јаременко. 

Општоприфатената цена на 1 мегават инвестирање во батериски систем е од 180.000 до 550.000 евра, најмногу во зависност од тоа со колкава должина на време може да се задржи електричната енергија.

Вишокот електрична енергија што се произведува од обновливи извори, како што се фотоцентралите, прави проблеми и дебаланс во мрежата и јасно е дека складирањето станува неопходност и е неизоставен чекор од енергетската транзиција, но отвора врата и за дополнитеен начин на добра заработка..

А.К,


Можеби ќе ве интересира

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите