02 Јули, 2024
0.0365

40-от кат најпримавлив за купувачите-становите во„Џевахир скај сити“од 1.100 до 3.000 евра за квадрат

Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Продажбата на 688 станови во двете од четирите висококатници во резиденцијалниот комплекс „Џевахир скај сити“ на турскиот инвеститор „Џевахир холдинг“ во скопската општина Аеродром почнува утре.

- Најниската цена за метар квадратен ќе изнесува 1.100 евра, а за ограничен број станови највисоката цена ќе биде 3.000 евра за метар квадратен. Цената ќе биде променлива и ќе зависи од  типот и местоположбата на становите, информира денеска на прес-конференција Есер Џевахир, генерален директор на Џевахир Холдинг.

-Најбарани се становите на 39-от и 40-от кат. Таму има само по три стана, од типот 3+1 и 2+1. Имаме различни варијанти и ако има специјални барања може да се направат вкупно 15 стана, наведе Џевахир.

Тој смета дека ќе има доволен интерес за становите затоа што, како што рече, примениле нов концепт за целиот проект. Во преговори се  и за банкарски кредити, за што наскоро најавуваат и соодветни пакети.

Структурната градба во двете згради каде се на продажба становите е веќе завршена, а сопствениците на станови ќе можат да се вселат во декември 2015 година.

Секој ден од утре тим за продажба на компанијата ќе биде на располагање за информации на условите во становите и цената, а такви информации ќе може да се добијат и преку кол центарот на компанијата и на интернет.

Завршувањето на првите две кули е планирано за декември 2015, трговскиот центар во првата половина на 2016 година, а целиот проект најдоцна до 2017.

Со проектот на „Џевахир холдинг“ е предвидена изградба на четири висококатници, што претставува една од најголемите инвестиции во градежниот сектор во Македонија во износ од 100 милиони евра. Во станбениот комплекс се предвидени станови со вкупен капацитет за околу 5.000 луѓе.

Од целиот комплекс 5.600 метри квадратни се наменети за спортски и рекреативни терени, 3 базени за сите сезони, фитнес и аеробик сали. Комплексот, според компанијата, ќе има 24 часовно обезбедување и набљудување на заедничките простории и пристап со картичка до апартманите.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ПОСВЕЖО И ВРНЕЖЛИВО ВРЕМЕ. Еве кога може да очекуваме стабилизација

ДОАЃА ПОСВЕЖО И ВРНЕЖЛИВО ВРЕМЕ. Еве кога може да очекуваме стабилизација

„СИТЕ ПРОТИВКАНДИДАТИ ЗАГУБИЈА И ВО СВОИТЕ МАТИЧНИ ОПШТИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ЗНАМ ДЕКА СЕ И ЕМОЦИИ ВО ПРАШАЊЕ“: Филипче за противкандидатите

„СИТЕ ПРОТИВКАНДИДАТИ ЗАГУБИЈА И ВО СВОИТЕ МАТИЧНИ ОПШТИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ЗНАМ ДЕКА СЕ И ЕМОЦИИ ВО ПРАШАЊЕ“: Филипче за противкандидатите

Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на владеачкото мнозинство

Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на владеачкото мнозинство

Петровска: СДСМ има 83.000 членови, а Филипче стана претседател со 9.000 гласа

Петровска: СДСМ има 83.000 членови, а Филипче стана претседател со 9.000 гласа

Предизвикан пожар во уште една коцкарница

Предизвикан пожар во уште една коцкарница

Новиот министер за евроинтеграции го помеша Дејвид Гир со актерот Ричард Гир

Новиот министер за евроинтеграции го помеша Дејвид Гир со актерот Ричард Гир

МНР го повика амбасадорот од Тирана на консултации по скандалозниот попис на Албанија

МНР го повика амбасадорот од Тирана на консултации по скандалозниот попис на Албанија

Албански планинар го замени македонското со албанското знаме на врвот Кораб

Албански планинар го замени македонското со албанското знаме на врвот Кораб

Распишан тендерот за компресорска станица за хируршките сали

Распишан тендерот за компресорска станица за хируршките сали