10 Декември, 2025
0.0368

4.inFusion ФЕСТИВАЛ - простор и време за ширење ЉУБОВ, каде создаваме, менуваме, инспирираме

Објавено во: Мои пари 11 Јуни, 2025 12:03

Добивај вести на Viber

На 5 локации, 30 настани, во 5 денови на Скопје му се случува 4-то издание на Инфјужн - Фестивалот на инклузија.

ПОВЕЌЕ ОД ОБИЧЕН ФЕСТИВАЛ!

Фестивалот од оваа година се дели на 5 категории распоредени во 5 тематски денови, како Перформанси и Театар (PERFORM), Уметност(АRТ), Музика(MUSIC), Спорт (SPORT) и Гејминг (GAMING).

Паркот Македонија, во Општина Кисела Вода, повторно едомот, или базата на Инфјужн фестивалот, но настани не очекуваат и на други локации, како Музејот на современата уметност, Театар Комедија, Тивки дружби во Амигос - кафуле.

Младите и најмладите се во фокус на овогодинешното издание на фестивалот, музичките концерти се во целост посветени на млади бендови (14 јуни, сабота, Парк Македонија), Инфјужн базарот ќе биде отворен за промоција на иницијативи на млади уметници и креативци, планирани се и настаните inFusion - Мурал, inFusion - Прототипирање на игри, „Фузија“ - изложба на уметнички дела од млади уметници.

Отворањето се случува денес на 11 јуни 2025 година со ексклузивниот перформанс на австралиско-германското дуо „SKIN“.

Водени тури низ поставките на Музејот на современата уметност со толкување на знаковен јазик, креативни работилници како Шараме и садимеи изработка на маскотки од чорапчиња, театарски претстави „Супер вселенко и роденденска торта“ и „Ѕуница“.

Партнери на овогодишното издание на фестивалот се драмско студио „Театар за тебе“, уметничкиот колектив Допирна Точка, гејминг заедницата Galactic Omnivore, Клубот на оратори при УКИМ, Академија Рекреатива, Art of Living, Колектив „Ветерница“, Музејот на современата уметност, НВО „Доза Среќа“.

Новина во фестивалските настани е толкување на концертите на знаковен јазик, што се случува за прв пат во современа Македонија, како и перформансот и работилницата  на дуото „SKIN“.

Дополнително, ПроКредит преку платформата за одржливост ProActive е горд поддржувач на настанот и присутните ќе имаат можност да го посетат ProActive катчето во сабота и недела (14 и 15 јуни)  од 11-13ч каде ќе имадетска еко-работилница “Шараме и садиме”и најмалите ќе имаат можност сами да си создадат свое уметничко дело во форма на саксија во која ќе си го засадат своето ново цветно милениче.

Неодоливоста на овогодинешниот фестивал се и утринските активности, како будењето со латино танци(14 јуни), но и јога и медитација(15 јуни), а читањето во длабоките сенки на магичниот парк со книга, кафе и дџ сет се неизоставен дел од сите фестивалски денови.

Вкупно 30 настани во 5 денови ќе вдахнат нова димензија во културно-уметничката преобразба на метрополата, a Базарот и Форумот на релевантни и општествено значајни теми ќе разбудат рефлексија која ќе инспирира за подобро утре.

Повеќе детали за сите фестивалски работилници на www.if.equality.agency и instagram.com/infusion.fest.

*пр објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација

„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час

Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето

Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето

„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка

„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка

Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања

Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања

Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна

Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна

Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници

Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници

Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари

Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари

ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ

ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ