„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка
Објавено во: Мои пари 10 Декември, 2025 09:58
ПроКредит Банка ја претставува „Мастеркард“ кредитната картичка преку промотивната кампања „Празници со 0% камата“
Овие празници, ПроКредит Банка подготви специјална понуда заедно со „Мастеркард“. Пред вас е можност да ја искористите „Мастеркард“ кредитната картичка наменета за физички лица, која овозможува 0% камата во рамките на промотивниот период до 28 февруари 2026. Картичката нуди можност за плаќања на сите продажни места и онлајн-плаќања во земјата и во странство.Со оваа понуда, ПроКредит Банка нуди практично решение за сите кои сакаат да ги поминат празниците исполнувајќи ги своите желби и потреби, како и оние на најблиските без дополнителен финансиски трошок.
Промотивната понуда под слоганот „Празници со 0% камата“ ја нагласува предноста и можноста за паметно финансирање во периодот кога потрошувачките потреби се зголемуваат, како празнични патувања, изнајмување возила во странство, празнични подароци, семејни прослави, празничен шопинг и други потреби за нас омилени во овој период. Оваа кредитна картичка е дизајнирана да им понуди поголема слобода и финансиска контрола на корисниците, со брза и едноставна онлајн-апликација и минимални административни барања.
Клучни придобивки за клиентите:
*0% камата во промотивниот период (до 28 февруари 2026).
* Без годишна членарина во првата година.
* До 3 плати во минус – дополнителна финансиска флексибилност.
* Можност за отплати на рати до 24 месеци.
* Онлајн-процес на аплицирање и одобрување во рок од 3 дена, што овозможува брза и практична процедура за сите постоечки и нови клиенти.
* Можност да ја користите во неограничен број продажни објекти, туристички агенции, сервиси за изнајмување возила – важи во земјата и странство.
„Преку промотивната понуда „Празници со 0% камата“, ПроКредит Банка обезбедува дополнителна поддршка во период кога трошоците природно растат, овозможувајќи кредитна картичка за сите нови и постоечки клиенти, без скриени трошоци и комплицирани услови за аплицирање. Продолжуваме да обезбедуваме едноставно и транспарентно искуство, по најдобри услови за сите постоечки и нови клиенти достапно преку нашата веб страна, 24/7 зоните и нашата мрежа на експозитури“ изјави Марина ЃурѓовскаАџиовска, директор на сектор за физички лица.
Искористете ја промотивната понуда и уживајте во празниците со 0% камата. Аплицирајте лесно и едноставно уште денес на веб-страницата на ПроКредит Банка. Понудата важи до 28 февруари 2026 година.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања
Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна
Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници
Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари
ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ
Еурофарм одбележува 25 години развој: Од една аптека до национален фармацевтски синџир со над 620 вработени
Свечено доделување на „Пегаз“ за 2025 година вечерва во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот





