05 Декември, 2025
0.3138

5, 8 Милиони евра за набавки без тендер!

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2012 13:35

Добивај вести на Viber

Вредноста на склучените договори преку постапки со преговарање без претходно објавување на оглас во вториот квартал од 2012 година изнесува 5,8 милиони евра, покажа најновиот извештај на Центарот за граѓански комуникации. Во период од април-јуни годинава склучени се 213 договори преку постапката со преговарање без претходно објавување на оглас во вкупна вредност од околу 359 милиони денари (5,8 милиони евра). Вредноста на овие постапки е двојно помала од првиот квартал годинава, но и во однос на истиот период лани, се вели во извештајот кој нотираше низа недоследности во хавните набавки. Констатирани се, меѓу другите, следниве наоди: - Најголеми проблеми со кои се соочуваат во јавните набавки, според анкетата на фирмите, се доцнењето на институциите со исплата на реализираните набавки, фаворизирачките и нејасни тендерски документации, како и нереално поставените и тешко остварливи критериуми за учество на фирмите на тендерите. - Евидентирани се низа слабости во изборот на елементите според кои државните институции ги евалуираат добиените понуди од фирмите. Фокусот, меѓу другото, наместо на понудите се става на понудувачите со што се загрозува основната цел на тендерите – за потрошените буџетски пари да се добие најдобрата вредност. - Поништувањето на постапките за јавни набавки повторно е во подем. Во мониторираниот примерок од овој квартал поништени се 30% од постапките за јавни набавки. - Иако најавена, законски задолжителната е-аукција не била одржана во 45% од мониторираните постапки. Извештајот од мониторингот во кој, покрај наодите и препораките за надминување на констатираните слабости, се содржани и истражување на 220 фирми и анализа на жалбените постапки. Во јавните набавки на годишно ниво се вртат околу 800 милиони евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања