5 куќи изградени среде морето
Објавено во: Стил 09 Октомври, 2012 09:30
Цитадела. Овој комплекс од апартмани плови во водите на Холандија и се спушта или крева со зголемување на нивото на морето. Холандија е пионер во технологијата за адаптација на куќите на вода. Покрај познатите традиционални насипи, архитектите одат чекор напред проектирајќи ја иднината на човекот во еден воден свет.
Фиориела. Концепт инспириран од се што може да се најде во природата. За едни тој личи на јајце, на други на отворен цвет. Комплексот нуди панорамски поглед над и под водите на океанот, а за да не се ниша од брановите, овој остров има неколку мотори со кои ја одржува стабилноста.
Бисер. Идејата е ваквиот дом се создаде еколошки дом инспириран од бродовите. Куќата располага со одлична стабилност над водата и доволно простор за живот.
„WHY“ Куќата наречена „WHY“ претставува пловечки дом, а инспирацијата за нејзиното создавање била пресликана од луксузните јахти. Таа располага со значително повеќе простор за живот и дава вистинско доживување на водениот свет наоколу.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





