05 Декември, 2025
0.0294

СЕЈФ СИТИ ДА ПОЧНЕ ДА ВАЖИ ЗА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА, НАМЕСТО ТРЕНИРАЊЕ СТРОГОЌА САМО ВРЗ СКОПЈАНИ ИЛИ КУМАНОВЧАНИ: Ванковска со низа критики на проектот

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2025 07:20

Добивај вести на Viber

Професорката Билјана Ванковска со низа прашања но и критики за системот Безбеден град, кој веќе трет ден е во тест период.
Сите зборуваме за ефектите од пробниот и од јануари ефективниот проект Safe City. Но, не чув некој да го постави ова МНОГУ важно прашање: од кого е набавен софтверот и инфраструктурата на овој масовен проект? Ова е значајно од повеќе аспекти, меѓу кои и финансиските аспекти, трошоци и добивки, но и упадот во приватноста и личните податоци. Во многу држави постојат основани сомнежи за јавни-приватни партнерства, бизниси, кршење на човековите права под претекст безбедност во сообраќајот. Ние ја имавме аферата со Драги Рашковски наречена Софтвери, но ја заборавивме. Ќе ценам ако некој ме потсети или информира кога МВР на Тошковски распишало тендер, кој го добил, кој соработува со МВР во однос на софтверот, неговото одржување и сл.? Дали станува збор за странски компании или домашни? Кој гарантира тајност на личните податоци?

Друга работа е што со ова се создава “каучук норма” од страна на министерство, па со закон утврдени брзини сега ќе се релативизираат со +/- 10%.

Се разбира, ако со вакво темпо секое седнување на волан нѐ чини 10, 20 или повеќе евра, сакам да знам на што ќе се трошат тие буџетски средства. Во Германија добивате писмена информација колку проценти од казната отишле на изградба на патна инфраструктура, на социјални цели, детски градинки, локална самоуправа или централна власт, итн.

Само гласно размислувам и барам одговори за важни прашања. Несомнено дека сакаме ред и поредок, казнивост за сите прекршоци и потешки дела - но со почитување на транспарентноста кон граѓаните и владеење на правото. И конечно, ако влегуваме во овој проект ефективно тогаш треба сите граѓани да се еднакви пред Законот : и тие од Охрид и тие од Гевгелија, Паланка, Кичево, итн. За сите да почне да важи од ист момент, на цела територија на државата, наместо тренирање строгоќа само врз скопјани или кумановчани и во рати на другите“, напиша таа.



* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво

Одбраната на поранешните градоначалници на Кочани, Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

Одбраната на поранешните градоначалници на Кочани, Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“