19 Декември, 2025
0.0373

5 основни ризици кои може да доведат до распад на ЕУ

Објавено во: Економија 29 Март, 2016 11:34

Добивај вести на Viber

Едноставно не е можно да се задржи економско единство и единствена монетарна политика од група држави, од кои секоја ги поставува сама фискалните политики, пишува финансискиот експерт Џон Молдин во коментар објавен од „Business Insider“. Кризата со државните долгови во Европа беше првиот знак дека нешто структурно не е во ред. Германија помина години во пуштање на заеми во евра на посиромашните земји од еврозоната, така што тие можат да купат стока произведена во Германија. Други земји извозници од ЕУ го направија истото. Создадените трговски дисбаланси како резултат на тоа  требаше да го најдат своето пројавување на друго место. И го направија - во државните долгови на земји како Грција, Италија, Шпанија, Португалија и Ирска. Како се додава политичките тензии што произлегува од миграционата криза и ризикот од излегување на Британија од ЕУ (т. н. Brexit), веројатноста за крах на Европа станува реално. Прашањето е на каков начин Европската унија ќе се соочи со големи внатрешни ризици. Од тоа зависи дали ќе преживее или ќе се распадне со огромни последици за глобалната економија. Видете во галеријата кои се петте најголеми внатрешни закани за ЕУ ​​во моментов според Молди. Ризик1: Италијанската банкарска криза Италија најверојатно ќе биде примарна главоболка за Европа. Нејзиниот банкарски систем веќе се распаѓа поради зголемувањето на лошите кредити. Нефункционалните кредити формираат речиси 20% од средствата на италијанскиот банкарски систем. Некои јужни банки држат речиси 40% лоши заеми. (За споредба - лошите заеми на американските банки се сведени на само 1%. Дури и за време на банкарската криза во земјата нефункционалните кредити во САД не надминува 3,5%. Стапката во Италија е речиси шест пати повисока, а дури не се зборува за економска криза) Евентуален пад на италијанскиот банкарски систем претставува системски ризик за цела Европа. Италија е осмата по големина економија во светот, сосема малку помала од индиската. Економското влијание врз Европа и затоа на светот е критична. Графикон: Mauldin Economics rizik1 Ризик 2: Своеволна Грција rizik2 Во споредба со Италија Грција ќе изгледа прилично „управувачка“, пишува Молдин. Грција останува важен фактор поради друга причина. Таа е главниот влез кон Европа на бегалци и мигранти од Сирија, Ирак и други земји. Побогатите земји имаат потреба од соработка на Грција, за да остане бегалски поток управувачки. Миграционата криза веќе стана хуманитарна катастрофа и ситуацијата само се влошува со текот на времето. Графикон: Mauldin Economics Ризик 3: Крајот на Шенген rizik3 Шенген зоната може да се намали значително, за да се контролира миграционата криза. Земјите во црвено може да се најдат надвор од него и ќе останат само оние во сино. Графикон: Mauldin Economics Нападите во Париз во ноември минатата година доведоа до обновување на граничната контрола во голем дел од порано отворената Шенген зона. Нападите ги убедија исто многу Европејци дека муслиманите мигранти се закана за безбедноста. Така првичниот добар прием стана страв. Еден од клучните лидери на Европа - Ангела Меркел, е под огромен политички притисок поради антиимигрантските чувства кај гласачите. Со што доаѓаме до четвртиот ризик. Ризик 4: Турција во ЕУ rizik4 Во потрага по решение на миграциoната криза ЕУ ​​склучи договор со Турција да продолжат со разговорите за нејзиното членство во замена на тоа Турција да го задржува поголемиот дел од бегалците во земјата. Отворањето на пат за Турција кон членството во ЕУ, сепак, е проблем за Кипар, кој е мал остров, но еквивалентен член на Унијата со технички истиот глас и право на вето како Германија и Франција на пример. Кипар може да стави вето на договорот за бегалците од кој остатокот од Европа очајно има потреба. Решението до овој момент се чини дека е голем и економски моќни членки на ЕУ во еврозоната едноставно може да им ја наметнат својата волја на помалите држави, решавајќи  краткророчни проблеми со цената на долгорочното единство. Кипар има поддржано од ЕУ вето на почетокот на пристапните преговори поради голем број политики, бидејќи Турција не ги признава кипарските пасоши, ниту пак пушта бродови или авиони од Кипар во своите пристаништа и аеродроми. Кипар има оправдани стравувања, но одлуката на ЕУ е само да ги игнорира. Овој пристап најверојатно ќе заврши работа, но секоја таков епизода вади уште неколку тули од основите на суперструктурата ЕУ. Да не се во согласност со помалите соседи не се врзува со идејата за „уште повеќе сплотен“ Сојуз. Ризик 5: Brexit rizik5 И, се разбира, уште закана за единството на ЕУ е претстојниот референдум во Велика Британија во текот на летото, кој може да ја изведе Бриранија надвор од Унијата. Заминувањето на еден член на ЕУ би создало опасен преседан. Последиците за светската трговија и монетарни текови ќе се големи години. Фото: Ројтерс

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар