19 Декември, 2025
0.0512

50 милони евра штета годишно од дивите копачи на песок!

Објавено во: Економија 08 Април, 2013 20:05

Добивај вести на Viber

Потребни се нови и квалитетни измени на Закон за минерални суровини и спречување на нелојалната конкуренција од дивите експлоататори на песок и чакал од речните корита. Ова го побара Македонската асоцијација на рударство од каде што посочуваат дека годишните штети од нелегалниот бизнис достигнуваат 50 милиони евра. Освен финансиските загуби за државата, поважни се штетите кои тие ги прават на речните корита, особено на Вардар и на Црна Река, каде што има најмногу диви сепарации за песок, посочуваат од Асоцијацијата.

„Се соочуваме со двојна штета, нелојална конкуренција од една страна, која му пречи на легалниот бизнис вршејќи повеќекратни злоупотреби, како и дискутабилен квалитет на градење зашто не секогаш или скоро никогаш не се контролира квалитетот на песокот и чакалот од реките“, истакна денеска претседателот на Асоцијација на рударство, Николајчо Николов.

Според Николов, дополнителен проблем се и ригорозните казни, како и високите глоби поради кои голем број од фирмите што легално ги плаќаат пропишаните давачки, добиле опомени и се на пат да ја загубат концесијата.

Инаку од Асоцијацијата потврдија дека прв пат по 17 месеци македонската индустрија, главно рударството, бележи значителен раст на обемот на производство. Посебно позитивен тренд остварува секторот вадење камен за градежништво кој моментно брои 206 компании, а вработува 12.940 лица со просечна плата од 22.423 денари.

Извозот во последните три години е намален за околу 50 милиони долари или 14 отсто, додека увозот е зголемен за 66 милиони долари или 20 проценти. Најмногу се извезува во регионот, Турција и Русија, а се увезува од Шпанија, Кина и Чешка.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра