05 Декември, 2025
0.0360

Пристигна Audi Q5

Објавено во: Стил 22 Октомври, 2012 17:11

Добивај вести на Viber

„Audi Q5“ зрачи со својот спортски дух и елеганција. Го карактеризираат јасни линии, мазни површини, единечна рамка околу решетката за ладење, должина од 4.629 mm и ширина од 1.880 mm, едноставно е невозможно да не привлече внимание. Ги има најдобрите „Off road“ карактеристики во својата класа и линија на покривот карактеристична за купе. „Audi Q5“ го комбинира спортскиот дух на седан со интерактивен ентериер и многу практични решенија за секојдневна употреба, рекреација и авантура. Со надградувањето од пред неколку месеци, Ауди ги подобри карактеристиките на спортско корисното возило со подобрувања во дизајнот, моторите, севкупниот изглед и системите за помош при возење. Кај каросеријата и ентериерот на „Audi Q5“ доминираат спортски пропорции,  особено во пределот околу тркалата, петта врата својствена за семејството Q и покривот кој е остро закосен кај столбовите А и Ц. Предните седишта електронски се прилагодуваат  и брзо се загреваат и ладат. Достапни се три бои на внатрешноста и три вида ентериер. Внатрешните декорации се во „Monometallic платина“ и „Monometallic беж боја“, a три дрвени фурнири и алуминиумска варијанта се достапни како опција.[gallery link="file" order="DESC" orderby="title"]

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: