19 Декември, 2025
0.1724

55% од Германците ја поддржуваат Меркел за Грција

Објавено во: Балкан 14 Јули, 2015 20:37

Добивај вести на Viber

Повеќе од половина Германци, или 55% од нив, ја поддржуваат својата канцеларка Ангела Меркел во однос на преговорите за последната спасувачка програма за Атина.

Ова го покажува анкетата на социолошката агенција „Форс“, направена за списанието „Штерн“ и телевизија „RTL“.

Според податоците речиси една третина од анкетираните сакаат Грција да ја напушти еврозоната. Други 31% сметаат дека Меркел би требало да инсистира за излегувањето на Атина од единствениот монетарен сојуз.

Мнозинството од 81% се сомневаат дека грчката влада навистина ќе ги спроведе договорените реформи.

Другото истражување на агенцијата од минатата недела го покажува големото одобрување за германската канцеларка - 56%, а поддршката за нејзината партија „ХДЗ“ / „ЦСУ“ останува непроменето на 42%.

На крајот на минатата недела лидерите на еврозоната успеаја да договорат со Грција предлог за започнување на преговори за третата спасувачка програма, која вклучува голем број на реформи и зголемување на даноците во замена на нови средства за грчката економија.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен