28 Септември, 2024
0.0283

6 работи кои треба да ги научите од Јоги Бера!

Објавено во: Анализа 09 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Не сте слушнале за Јоги Бера? Сте изгубиле многу! Лоренс Питер "Јоги" Бера е поранешен американски бејзбол играч, познат најмногу со работата како безбол менаџер. Неговото нестандардно размислување и тривијални шеги се меѓу најпопуларните афоризми на континентот преку океанот. Нарекуван од мнозина "Мистер Малапроп" Јоги е познат по својата способност да ги поврзува зборовите онака како што никој пред него не правел. 1. Се држи ли пазарот на капитал како во 2007 година? "Паралелите меѓу мај 2007 и мај 2014 година се огромни, бидејки поголемата пазарна сила ја маскира основната слабост. Не може да се каже што ќе се случува потоа и дали пазарот ќе се развие на истиот начин овој пат, најверојатно нема да биде така. Во исто време, сепак, целосното игнорирање на она што пазарот ни го кажува тука, би било исто така глупаво ", посочи Џон Кимелман во свој анализа во Barron's на 28 мај. "Треба да бидеш многу внимателен, ако не знаеш каде одиш, бидејќи може да не стигнеш до таму" - Јоги Бера. 2. САД се наоѓаат во стапицата на линеарно размислување "Квантитативни олеснувања - месечната програма за набавки на основни средства, започна како благороден потфат. Навремено и добро артикулираат, за текот на очајот на ФЕД е тешко е да се тврди дека не одигра важна улога во спасување на светот од нешто многу полошо од Големата рецесија. Грешка на ФЕД сепак беше дека се екстраполираат. Тој поверува дека со шок терапија може не само да се спаси пациентот, но исто така и да се поттикне одржлива наплата. Двата последователни круга на квантитативните олеснувања го проширија билансот на ФЕД со дополнителни 2, 1 трилиони долари, но дадоа малку во однос на будењето на реалната економија ", напиша во ZeroHedge на 29 мај Стивен Роуч. "Во теорија нема разлика меѓу практиката и теоријата. Во пракса има" - Јоги Бера. 3. Принуден да ризикува? "Поголемото преземањето ризик, дури и да е под принуда, не води со себе гаранции за богата компензација. Третманот на трустови за инвестиции во имот (REIT) и комуналните услуги како обврзници е лудост, бидејќи брза проверка на реалноста покажува, дека тие не се такви. И двете се одлични примери, од кои сепак пазарните учесници може да бидат примамени и очекувале дека тоа се разумни стратегии. Нашата работа како инвеститорите е да поставиме најмалку уште едно прашање, ако сè што гледаме, е премногу добро или е во спротивност со она што веќе знаеме дека е вистина ", истакна во NY Times на 27 мај Карл Ричардс. "Никогаш не се обвинувам кога не сум ја погодил топката. Виновна е едноставно палката и ако тоа продолжи, јас само ја менувам. На крајот на краиштата, ако знам дека не е моја вина за тоа што не сум погодил, како можам да се лутам на себе? " - Јоги Бера. 4. Зошто ФЕД треба да ја промени стратегијата "Првото нешто е дека инвеститорите обично го потценуваат влијанието што квантитативните олеснувања го имаат врз економијата, како и степенот до кој тие го помагаат растот ... Луѓето сепак ќе сфатат во еден момент дека економијата навистина не постигнала некоја самоодржлива инерција и дека таа бара продолжување на стимулите. Го отсликувам ова со автомобил кој се наоѓа на еднаков пат и не располага со интензитет. Кога се релаксира ногата од гас, автомобилот само ќе престане да се движи. Тоа е во суштина она што го прави ФЕД ", истакна во интервју за Barron's на 24 мај Стефани Помбои. "Безболот е 90% психа, останатата половина е физика" - Јоги Бера. 5. Неактивноста на инвеститорите "Мислам дека ова е нешто различно од претходните периоди на мир. Сметам дека ова речиси целосно отсуство на нестабилност е многу збунувачка средина. Ова не е, бидејќи инвеститорите се безгрижни од ризик, туку затоа што се парализирани во неактивност, додека чекаат повеќе информации за економијата и од други фактори. Можеме да го видиме тоа во неделната анкета на Американската асоцијација на индивидуалните трговците (American Association of Individual Investors - AAII), каде што најголем процент се оние од неутралниот камп - 43,2 отсто од анкетираните. Тоа е за 13% повеќе од вкупниот број на долгорочните бикови и мечки", истакна во свој анализа од 26 мај експертот во Alhambra Partners Џо Калу. "Ако стигнеш до крстосница на патот, тргни по него" - Јоги Бера. 6. 2011 vs 2014 Графиконот покажува нагло движењето на S & P 500 во 2011 година и сега. Иако нема како да имаме две сосема идентични пазарни периоди, важно е да се потсетиме дека пред три години пазарите се лансираа до историски рекорди, откако Федералните резерви го завршија вториот круг на квантитативните олеснувања. Да, токму така, исто како сега. "Секогаш сум знаел дека рекордот останува таков додека не биде подобрен." - Јоги Бера. K.K.