6 совети во 2016 паметно да управувате со вашите пари
Објавено во: Стил 03 Јануари, 2016
На многумина им е цел во 2016 да ги подобрат финансиските навики. Со самото тоа би дошло да намалување на стресот бидејќи финансиските тешкотии е нешто што ги мачи многумина.
Ако тоа е нешто што и вас ве интересира, ова се шест совети за подобро управување со финансиите.
1. Прецизирајте и запишајте ги вашите цели
Секако, дека, за постигнување на целта, корисно е да знаете што точно сакате да постигнете. Колку сте попрецизни, толку подобро. На пример, заменете го „Сакам повеќе да штедам“ со „Ќе уплатувам 5 одсто повеќе за пензија“. Со тоа , истражувањата покажаа дека запишувањето на целите ја зголемува можноста за нивно остварување за дури 49 одсто.
2. Осигурајте се финансиски
За почеток може да создадете фонд за итни случаи со средства кои ќе ви го „спасат животот“ кога ќе ја изгубите работата или ќе ви се расипе автомобилот. Исто така добро да заштедите пари за пензија со што е најдобро да почнете што порано.
3. Потребен е план за кој можете да се држите
Тешко ќе се држите до планот кој е прекомплициран. Нека биде едноставен: од месечната плата одземете фиксни трошоци, износи за штедње и пензија и немесечни трошоци како подарок за празниците. Се што ви остане може да потрошите на она што го сакате.
4. Разделете ги целите
Размислете за можностите за отворање на посебни сметки или потсметки за поедини цели за кои штедите. На тој начин лесно може да го видите своето напредување, а можете и да ги автоматизирате доприносите за тие сметки да не морате посебно да размислувате.
5.Паметно користете бонуси
Во случај на бонуси како што се божиќни надоместоци може да го пробате правилото 90/10:90 одсто од средствата да ги употребите за големи финансиски цели, а преостанатите 10 одсто да ги потрошите на нешто забавно.
6. Побарајте поддршка
Работите можат да станат тешки кога сѐ правите сами. Немојте да се плашите да побарате помош, дали од пријатели, колега или финансиски партнер.