05 Декември, 2025
0.1472

60 милиони денари предвидени за реконструкција на патот Македонска Каменица –Делчево

Објавено во: Македонија 23 Август, 2013 14:12

Добивај вести на Viber

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Љупчо Георгиевски денеска беше во обиколка на регионалните патни правци во Штип.

Георгиевски вели дека реконструкцијата и асфалтирањето на транзитниот патен правец од штипско Ново село кој води кон влезот и излезот на градот ќе заврши до почетокот на септември, а проектот чини околу 12 милиони денари.

- Би напоменал дека од регионалните патишта беа реконструирани и патот од излезот на Штип кон ТИР зоната, станува збор за околу 10 милиони денари и во должина од два километри и уште патот кон езерото Мантово, кој е околу еден километар и 500 метри, а е во вредност од околу шест милиони денари. Би напоменал дека ова не е се, во завршна фаза е избор на изведувач за осветлување на штипската клучка и секако во завршна фаза е избор на изведувач за други две делници со голема сума на пари. Станува збор за делницата Македонска Каменица-Делчево, значи од страната на Делчево, каде што има одрони од камења и се нестабилни. Во тој тендер е објавено да се санираат тие непредвидени свлечишта и да се реконструира оштетениот дел од патот во должина од околу седум километри, вели Георгиевски.

Тој додава дека ќе се реконструира и влезот на Кочани, со што во источниот дел на Македонија ќе се подобри патната инфраструктура во Источна Македонија. Георгиевски забележува дека реконструкцијата на патот Македонска Каменица –Делчево е предвидено да изнесува околу 60 милиони денари, а делницата Кочани-Превалец околу 15 милиони денари.

Директорот на ЈП за државни патишта, Георгиевски најави дека за еден месец ќе почне реконструкцијата на патниот правец Велес-Кадрифаково, а се работи на проектот за проширување на делницата Штип-Радовиш.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите