29 Септември, 2024
0.0327

63 – клучниот број за Москва!

Објавено во: Анализа 18 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Деновиве во Москва мрачно се шегуваат дека цената на нафтата, рубљата и Путин се на пат да станат 63 догодина. Тоа значи нафтата да падне до 63 долари за барел, рубљата да се сруши под 63 за долар(што и се случи), а Путин да наполни 63 години. Шегата сепак загуби на актуелност, откако кон крајот на минатата недела барел нафта од клучниот Брент падна под 63 долари - до 62,59 долари. Руската во однос на американската валута во утринското тргување ослаби за три, откако во вторникот ослабе за 20, а од почетокот на годината за 60 отсто. На хоризонтот се поставуваат и други лоши економски вести. Очекуваното протекување на капитал оваа година е близу 128 милијарди долари, што е двојно повеќе во споредба со минатата година и претставува над 6% од целата руска економија. Паднатите цени на нафтата ја намалија пазарната вредност на најголемите руски нафтени и гасни компании со десетици милијарди долари. Догодина во земјата се очекува рецесија, а инфлацијата, особено во однос на храната, се зголемува. И тоа не се највознемирувачките вести. Економистите проценуваат дека руските банки и големите државни компании должат стотици милијарди долари на западните банки. Но поради западните санкции тие не можат да го рефинансираат тој долг во САД или во Европа. Кинеските банки не можат да се справат со овој обем и сега руските банки и државни компании се најдоа на работ од банкрот или чекаат помош од брза контракција на рускиот резервен фонд. Комбинацијата на сите овие фактори може да доведе до колапс на руската економија со непредвидливи последици за рускиот претседател Владимир Путин и за целиот свет. Популарноста на Путин се базира на зголемените приходи на населението и стабилноста кои ќе бидат под закана ако нафтата продолжува да паѓа, а цената на трошоците на живот да расте. Рускиот буџет ќе се соочи со дефицит, бидејќи бил констатиран при далеку повисоки цени на нафтата. Ова ќе влијае на сите, од јавните претпријатија во кои работат многу Руси, до пензионерите и државните службеници кои примаат фиксни плаќања. Западот се надеваше дека санкциите ќе го натераат Путин да ја скроти моќната надворешна политика. Но како што истакна неодамна The Economist ", повредената мечка" може да биде опасна за светот. Русија продолжува да е една од најголемите светски економии и економското нејзино распаѓање може да влијае на целиот свет. Во исто време Путин се обидува да ги одвлече обвиненијата и вниманието. Водечката вест на големиот државен телевизиски канал не беше драстичниот пад на рубљата, туку репортажа за претепувањето на француски фудбалски навивачи во Киев. Путин се обидува да ја фрли вината врз западните санкции, и тие сигурно одиграа улога. Но Кремљ со години работи така и не успеа да ги реши големите структурни проблеми на руската економија која зависи премногу од нафтата и другите природни ресурси. Нулта раст на економијата се прогнозира уште пред санкциите и падот на рубљата. Сега во Русија е популарен уште еден виц: Еден Русин го прашува пријателот: "Ако имаше можност, што би променил во минатото?" Другиот одговара: "Јас требаше да ја разменам рубљата за долари". K.K.