05 Декември, 2025
0.0554

Ветерниците на ЕЛЕМ на пат за Македонија

Објавено во: Македонија 03 Септември, 2013 08:46

Добивај вести на Viber

Согласно динамиката на работа, овој капацитет ќе биде вклучен во електро-енергетскиот систем на Република Македонија до крајот на годинава, најавија од ЕЛЕМ. Првите ветерни електрани кои треба да се постават во Богданци стигнаа на грчка територија – во Солун, неофицијално дознава Фактор. Се прават и последните подготовки за овие 16 турбини да се транспортираат од Солун до Богданци. Извори од енергетските компании очекуваат дека најверојатно во следните две недели ветерниците ќе стигнат во земјава и ќе почне нивната монтажа. Кога точно ќе се монтираат ветерните електрани и кога ќе почне пробното производство од ЕЛЕМ се уште не обелоденуваат. Сите детаљи најверојатно се чуваат за официјалната јавна промоција на инвестицијата. Конзорциумот од Siemens Wind од  Данска и Siemens AS од Грција треба да му ги испорачаат на ЕЛЕМ турбините на ветер за Паркот на ветерни електрани во Богданци. Пред месец и половина од ЕЛЕМ изјавија дека на локацијата Ранавец, кај Богданци привршува изградбата на командната зграда, трафостаницата на која ќе биде поврзан ветерниот парк и дека се прават подготовки за фундаментите за ветерниците. “Согласно динамиката на работа, овој капацитет ќе биде вклучен во електро-енергетскиот систем на Република Македонија до крајот на годинава. Турбините се меѓу најдобрите во својата класа. Инсталираната моќност на секоја од нив е 2,3 мегавати, висината на столбот изнесува 84 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри. Монтажата на овие ветерници ќе обезбеди  вкупна инсталирана моќност од 36,8 мегавати, со што се заокружува првата фаза во изградбата на овој визионерски енергетски објект“, изјавија неодамна од ЕЛЕМ за Фактор. Дел од парите за реализација на Првиот ветерен парк „Богданци“  се обезбедени преку кредит од германската КфВ банка, потпишан во април, минатата година. За проектот чијашто проценета вредност е 55,5 милиони евра, заемот КФВ Банка е во износ од речиси 48 милиони евра, додека 7,6 милиони  евра ќе обезбедиат Државните Електрани, од сопствени средства. Од компанијата оптимистички најавуваат дека ветерниот парк во Богранци ќе продуцира струја доволна да се снабдат околу 15.000 домаќинства или вкупно 60.000 граѓани, односно минимално годишно производство од 100 гигават/часови од ветерна енергија или приближно 2% од моменталното годишно производство. Данско-грчкиот конзорциум е должен да ја испорача, транспортира и монтира опремата, да ја  пушти во употреба и да се грижи за одржувањето на ветерниот парк. Инсталираната моќност на секоја од турбините е 2,3 мегавати, висината на столбовите 84 метри, а дијаметарот на елисата треба да биде 93 метри. К.П.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите