20 Декември, 2025
0.0542

70% од Грците сакаат коалициско управување на земјата по изборите

Објавено во: Балкан 06 Септември, 2015 12:41

Добивај вести на Viber

Над 70% од Грците го поддржуваат создавањето на коалициска влада по изборите, закажани за 20 септември. Ова го објави грчкиот весник „Етнос“, повикувајќи се на студија на „Marc“.

За самостојно управување со било кој од водечките две партии се изјаснуваат вкупно помалку од 20% од испитаниците - 5,9% за „Неа демократија“ и 14,3% за „СИРИЗА“.

На ова се додава интересен акцент на предизборната кампања во Грција. Генералното управување е дел од повиците на привремениот лидер на „Неа демократија“ - Евангелос Меимаракис. Во своите пораки до електоратот тој жестоко ги критикува своите противници од „СИРИЗА“ со образложение дека ја поставиле земјата во тешка економска состојба, но наведува дека „Грција е над сè“ и ќе работи со партијата за нов кабинет.

На идејата за коалициска влада или управување на национално единство (под некаква форма), меѓутоа, категорично се противи поранешниот премиер Алексис Ципрас, и претседател на „СИРИЗА“. Тој одбива да коалицира со партии „од стариот систем“, посочувајќи ја партијата на Меимаракис како една од причините за кризата во Грција.

Во интервју за телевизискиот канал „Скај“ утринава Алексис Ципрас не отстапил од својата позиција.

„Ако сум псевдократ, политички шарлатан и ако сум ја уништил земјата само за шест месеци (какви што се обвинувањата на Меимаракис), зошто сака да работи со мене“, коментирал лидерот на левичарската „СИРИЗА“ и посочил дека има длабоки разлики помеѓу програмите на двете партии.

Во своето интервју Ципрас коментирал уште дека земјата има потреба од стабилност, во предвид на претстојните тешки реформи и кратенки. Така тој повторно побара целосен мандат за управување, наведувајќи дека „веќе има повеќе искуство и знае за своите грешки“.

Всушност Ципрас е убеден дека било која партија да победи - стабилна влада ќе има, повикувајќи се на големиот број гласачи, кои се уште не се одлучиле како да гласаат (речиси 20% според различните анкети).

Во интервју за „Скај“, лидерот на „Потами“ - поранешниот телевизиски новинар Ставрос Теодоракис, пак, истакна дека „што и да биде на 21 септември Грција мора да има влада“. Неговата партија се бори за третото место во грчкиот парламент, заедно со формации како националистичката „Златна зора“, комунистичката партија „ККЕ“ и „ПАСОК“.

Подоцна денес Алексис Ципрас ќе се врати во Солун, од каде всушност ќе го започне подемот на „СИРИЗА“ - токму таму партијата ќе ја претстави својата управувачка програма, за која денес противниците коментираат дека не е имплементирана.

Портпаролот на „СИРИЗА“, Олга Геровасили сепак, изјавила дека 50% од мерките се факт.

Сега, за време на Солунскиот саем, Алексис Ципрас ќе ја претстави својата обновена програма за управување.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација