795 евра квадрат е реална цена за нов стан во Аеродром
Објавено во: Македонија 22 Август, 2013 21:55
Цената од 795 евра за метар квадратен стан близу Центар во Скопје е реална, смета директорот на АД за стопанисување и изградба со станбен и деловен простор Цветко Грозданов. Според него, становите што тие ги продаваат во Реонски центар во Аеродром за 795 евра квадрате плус 5 проценти ДДВ се меѓу најниските цени на пазарот, но и оти и со таа цена имаат заработувачка.
„Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор во државна сопственост, прави баланс на цената на пазарот за да не дојде до нејзино вештачко зголемување. И во оваа цена од 795 евра имаме заработувачка. Тие средства што ги имаме од самата маржа ги реинвестираме во градба на социјално ранливите категории“, рече Грозданов.
Тој вели појасни дека и Акционерското друштво има исти давачки за сите останати трошоци како и останатите фирми, но ниската цена се должи на тоа што не ставаат превисоки маржи. Според него, најголем удел има цената на градбата, па цената на градежното земјиште, комуналиите и сите други трошоци.
„Приватните фирми одат со многу повисока заработувачка и многу поголема маржа“, реагираше Грозданов.
Претходно една градежна компанија, која исто така гради во близина на Реонски Центар обвини дека јавното претпријатије не плаќа ништо за градежната локација и затоа има многу пониска цена за своите станови.
Расте понудата на станови - нема купувачи! Во Кварталниот извештај на Народната банка на Македонија за јули е наведено дека продолжува трендот на намалување на нивните цени и во второто тримесечје годинава. „Индексот на цените на становите бележи забавен пад од 0,5% на квартална основа, која што придонесе за мало забавување на годишна основа (пад од 4,7%, наспроти падот од 5,5% во првиот квартал на 2013)“, се наведува во документот на централната банка. Во услови на пораст на трошоците за градба од 2011 година, негативните придвижувања кај вредноста на станбените единици можат да се објаснат со повисоката понуда на пазарот на недвижности“ пишува во извештајот на НБРМ. Дека и понудата на станови расте, Централната банка констатира дека ова може да се забележи преку високиот годишен раст на изградбата на станбени згради во првото тримесечје (реален годишен раст од 136,8%, стимулиран од странските инвестиции). Понискиот број на издадени одобренија за изградба на станови во првите четири месеци од годината, во однос на минатата година, исто така укажува на веќе релативно висока понуда. Гледано од аспект на показателите за побарувачката, станбените кредити и натаму растат во првите пет месеца на 2013 година, но поумерено, пишува во извештајот.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





