22 Јануари, 2025
0.0435

8-ми март – Како иницијативата на Клара Цеткин тргна наопаку?

Објавено во: Мои пари 08 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Меѓународниот ден на жените 8 Март се одбележува како празник на економската, политичката и социјалната рамноправност на жените.

Денот на жените почнал да се празнува во 1911 година во Австрија, Германија, Швајцарија и во Данска и тоа на 19 март, а од 1917 година се одбележува на осми март.

Првите поголеми демонстрации за правата на жените биле организирани во 1908 година во САД, од страна на социјалистките.

Иницијативата за ден, посветен на сите жени на втората меѓународна конференција на жените социјалисти во 1910 година во Копенхаген даде феминистката Клара Цеткин.

Обединетите нации го прогласија осми март за меѓународен ден на жените во 1975 година.

Жените тогаш на масовни собири претежно во западниот свет бараа право на работа, иста плата за иста работа, еднакви можности за работа и образование, слободно воспитување на децата и можност за бесплатно згрижување на децата, безбедна контрацепција и легална и безбедна можност за абортуси.

Жените во Македонија имаат право на глас од 1945 година, а празникот се одбележува со традиционалното женско рели, планинарската тура на Водно и други пригодни настани.

Clara Zetkin - 100 Jahre Frauentag

Но, на што се сведува денеска 8-ми Март?

Во приказната за одбележувањето на 8-ми Март е ја спомнавме Клара Цеткин. Денес 8-ми Март се сведува на цвеќето. Но, кој знае дали кога Клара се борела за рамноправност и било до цвеќе. Таа го истрасирала патот за меѓународна солидарност на жените во борбата за економска и политичка рамноправност.

И после години...приказната добива нов тек. Одамна е се поинаку. Денот за кој се бореше Клара е одамна измутиран во нешто сосема друго. Се секаваме сите сакавме на учителката да и подариме цвет. На мама и баба да им го честитаме празникот со цртеж со цвеке. А тие божем изненадени а дотерани не честеа торта, божем слушајно направена. И тоа се најубавите спомени. Приказната имаше шарм,блискост,празникот не беше комерцијален.

И после еден ден драга Клара, ни се смачи како се празнува денот на жената барем тука кај нас. Главно тоа е неработен ден за жените. Одат на работа ама не работат. Мажите купуваат пупка од неотворен каранфил. Жените со тазе фризури,излакирани и нашминкани мажите ги водат во кафеана на ручек до вечера. И сите на маса околу маса. Потоа жените си одат,мажите остануваат да си допијат.

Комерцијално,лицемерно. Се нудат ефтини мениа кои после чинат многу повеке. Продавниците полни глупостинки завиткани во целофан.  Знаеме дека на запад не е како на нашиот исток. Таму празникот е само некој си комунистички празник,заборавен. Епа така почитувана Клара повеќето од нас жените НЕСАКАМЕ ЕДНАШ ВО ГОДИНАТА ДА НЕ САКААТ,ЕДНАШ ВО ГОДИНАТА ДА НИ ПОДАРАТ ЦВЕКЕ,ЕДНАШ ВО ГОДИНАТА ДА НЕ ОДВЕДАТ ВО КАФЕАНА НА ВЕЧЕРА И ДА НИ ГИ ИЗМИЈАТ САДОВИТЕ. ЕДНАШ ВО ГОДИНАТА СО НАС ДА БИДАТ НЕЖНИ И ФИНИ.

Затоа си ги сакаме останатите 364 дена од годината, во кои ние жените го разубавуваме овој свет, и не ни е потребен доказ за еднаквост на половите.

Да 8-ми Март е убав, ама ваков нешто особено и не ни е потребен. И прости ни драга Клара што ти ја упропастивме идејата. (Сепак оние кои си го чекаат денешниот ден, 8-ми Март,цела година,нека им е честит)

И.Р

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

Сигма-СБ добитник на награда за верификуван македонски ИКТ производ

Сигма-СБ добитник на награда за верификуван македонски ИКТ производ

МИНТ Финтек Групацијата доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот

МИНТ Финтек Групацијата доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот

Кои се премиум работите кои навистина вредат? Вистинските премиум работи!

Кои се премиум работите кои навистина вредат? Вистинските премиум работи!

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас