80 отсто од општините во Шведска не сакаат нови азиланти
Објавено во: Свет 07 Февруари, 2013 13:01
Нови азиланти не сакаат да прифатат околу 80 отсто од шведските општини. Според една нова анкета, само околу 20 проценти од општинските раководства во земјата одговориле дека нивните општини би требало да бидат подготвени за прифаќање на поголем број бегалци и имигранти.
Во спроведеното анкетирање во врска со можни промени на начинот и обемот на прифаќање на азиланти, учествувале вкупно 203 шведски општини во речиси сите делови на земјата. Според актуелните прогнози, годинава во Шведска се очекува 54.000 лица да поднесат барање за азил.
Шведскиот Завод за миграции се соочува со се поголеми тешкотии да обезбеди сместување, бидејќи постојано се намалува бројот на општините кои можат да понудат слободни станови за азиланти на кои им се одобрува дозвола за престој.
Во рамките на ЕУ само Франција и Германија прифаќаат поголем број азиланти од Шведска. Но кога бројките ќе се стават во сооднос со големината на наслението, Шведска прифаќа најмногу баратели на азил во цела ЕУ.
Можеби ќе ве интересира
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ




