18 Декември, 2025
0.0570

9/11 со француски превод

Објавено во: Свет 13 Јануари, 2015 08:42

Добивај вести на Viber

Непосредно по нападот над францускиот Charlie Hebdo насекаде во Франција почнаа да се прават споредби со нападот на Ал Каеда во САД во 2001 година. "Ова е 11-ти септември за Франција", тврдат сите. И всушност нападот на 7 јануари е убиството на кое Франција беше изложена од крајот на Алжирскта војна во 1962 година. Но до кој степен е валидна аналогијата и она што следува од сето тоа, прашува во свој анализа за Project Syndicate Доминик Моизи, професор на Институтот за политички науки во Париз (Sciences Po), виш советник во Францускиот институт за меѓународни односи (IFRI) и гостин -професор на Кралскиот колеџ во Лондон. Моизи е и автор на "геополитика на емоциите". На прв поглед споредбата изгледа несоодветно и пресилна. Во париската редакција загинаа 12 лица, а во нападите врз Њујорк и Вашингтон, смртта ги најде скоро 3.000 лица. Извршителите сега користеа автомати, а не киднапирани авиони. И за разлика од убијците од 11-ти септември, сегашните бомбаши се државјани на засегнатата земја. Оттука нападот во Париз во 2015 година е повеќе комбинација од два други напади: бомбашкиот напад над лондонското метро во 2005 година (сите терористи биле британски државјани) и атентатот во Мумбаи во 2008 година (според шемата на акцијата - употреба на автоматско оружје и гранати и убивање на конкретни жртви една по една). Сепак и покрај големите разлики нападите во Њујорк и Париз си личат. И двата града отелотворуваат сличен универзален сон. И двата се метафори за светлината и слободата. И двата припаѓаат на целиот свет, а не само на нивните земји. Во прилог на избраните од терористите цели и во двата случаи имаат голема симболичка важност. Во Њујорк кулите-близначки ја отелотворуваат амбицијата и придобивките на капитализмот. Во Париз Charlie Hebdo дава форма на духот на демократските слободи - способноста да се пишува за сè, да се сликаат и да се објавуваат сите - дури екстремни (и понекогаш вулгарни) провокации. Сега во Париз, како и своевремено во Њујорк, владее впечатокот дека вистинската цел на нападите е самата западна цивилизација. Како и повеќето Французи и проф. Моизи прогласува - заради одвратноста на атентатот и од сочувство со жртвите: Je suis Charlie ("Јас сум Шарл") - формулација која се совпаѓа со декларацијата на весникот Le Monde веднаш по нападите од 11-ти септември: Nous sommes tous аméricaines ("Ние сите сме Американци"). Но истовремено Моизи признава дека секогаш се чувствувал вака. Во 2005 година тој почувствувал резервираност во врска со одлуката на данскиот весник Jyllands-Posten да објави серија на карикатури на пророкот Мухамед, како и во текот на следната година - поради одлуката на Charlie Hebdo да реплицираат на карикатурите. Во тоа време авторот е на мислење дека тоа е опасно и непотребно - провокација и политички неодговорно решение. "Не смее да си играме со оган во близина на динамит или гасовод", прави аналогија тој. Нашата ера веројатно е многу по религиозна од 18-ти век. Да се повикуваат на Волтер, па си мислев тогаш проф. Моизи, е едно, но одговорното однесување бара да не се навредува она што другите го сметаат за свето - било да е тоа Христос, Мохамед или холокаустот, пишува тој. Денес поради природата на новиот напад во Франција авторот ги напушта овие свои резерви, макар што издржа на искушението да ги објави жртвите за светци, како што го прават многу Французи. Во Франција laïcité - збор кој често неправилно се преведува како "секуларизам", е еквивалент на една религија - религијата на Републиката. За карикатуристотна Charlie Hebdo религијата е само една од многуте идеологии, а тие ги земале под мета и трите големи монотеистички религии (иако исламот, веројатно поради видливата фундаменталистичка суштина, е во центарот на критиката). Засега во Франција преовладува еден клима на национално единство, токму како и во САД веднаш по 11 септември. И така треба да биде, бидејќи единството е од клучно значење кога една нација се соочува со терористи, чии приоритет е одделување на народот, подгревање на конфронтација и обидот умерените да станат екстремисти. Всушност, дури и Марин Ле Пен, претседателот на десничарската партија Национален фронт, предупреди за опасностите од антимуслиманска реакција и објасни дека неколку збунети млади мажи на никаков начин не го претставуваат мнозинството од француските муслимани. Но колку долго ќе трае тоа национално единство? Лузните од колонијализмот се свежи во Франција повеќе отколку на било кое друго место во Европа. Земјата е дом на најголемото муслиманско малцинство во Европа, а со оглед на особено слабиот во Франција и поделен политички центар крајната десница е препознавана како победник за изборите во голем број анкети на јавното мислење. Французите би требало да го пречекаат тој терористички напад на истиот начин на кој го направиле Американците по 11 септември: цврсто и јасно, но и одговорно, пишува уште Доминик Моизи. Тоа значи конкретно да не се допушта сепак Франција да заприлега на Америка од 2003 година, кога претседателот Џорџ Буш ја прошири "глобалната војна против тероризмот" во Ирак. Улогата на Франција во моментов е да продолжи да ги цени и поддржува вредностите кои ја направиле цел на терористите, заклучува Моизи. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија