Лавров: Америка ни вети украинска територија
Објавено во: Свет 16 Декември, 2025 22:07
САД ѝ ветија на Русија дека Украина ќе се откаже од дел од својата територија како дел од мировниот договор, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Според него, администрацијата на Доналд Трамп сфатила дека „териториите каде што Русите живееле со векови треба повторно да станат дел од Русија“, пренесе „Телеграф“.
Лавров се осврна на Донецк, Луганск, Херсон, Запорожје и Крим – пет украински региони што рускиот претседател Владимир Путин нелегално ги анектираше во 2022 година.
Путин побара Украина да се повлече од преостанатиот дел од Донбас, кој се состои од Донецк и Луганск, кој моментално не е под руска воена контрола. Москва, исто така, инсистираше на забрана за приклучување на Украина кон НАТО, а Лавров тврди дека САД го разбираат и ова барање.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница




