19 Март, 2024
0.0638

А СЕГА Е ВРЕМЕ ЗА К15, СЕКОЈ ДЕН ГЛЕДАЈТЕ ГИ СМЕТКИТЕ – треба да ви легнат 200 евра, ќе се „омрси“ и државната управа

Објавено во: Економија 07 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Како одминува декември, работниот народ се повеќе се прашува кога ќе биде „судниот ден“ за да му се збогати контото со некој денар плус, или што ќе рече К15. А со оглед што оваа година таа сума ќе изнесува 12.500 денари или точно околу 200 евра, може да се заклучи дека очекуваниот прилив па и не е така лош.

Некои вработени, пак, веќе го добија регресот од своите работодавачи, но тие се во многу помал број, а најзначајните исплати се очекуваат во деновите пред нас.

Како што објаснува за Фактор Јован Јованоски, помошник раководител на Секторот за инспекциски надзор во Државниот инспекторат за труд, исплатата на регресот за годишен одмор е дефинирана со Законот за работните односи и доуредена со Колективниот договор. За приватниот сектор е предвидена задолжителна исплата на К15 согласно општиот колективен договор од областа на стопанството.

Регресот треба да се исплати најдоцна до 31.12 во тековната година. Треба да го исплати секој работодавач кај кого работникот работел во тековната година најмалку шест месеци, односно во таа фирма имал непрекинат работен однос од шестмесечен временски период. Тоа значи дека дури и во меѓувреме некој работник да си заминал од одредена компанија, доколку таму работел непрекинато половина година, работодавачот има обврска да му исплати К15 за таа година во законски предвидениот рок.

Износот на К-15 е различен секоја година и зависи од движењето на просечната нето и бруто плата во државата.

„Согласно Колективниот договор, износот на К15 што треба да се исплати е утврден со член 35 од Општиот кколективен договор за приватниот сектор на ниво на стопанството, и тој изнесува 40 проценти од висината на просечната плата на ниво на државата на денот кога е донесена одлуката за исплата на регресот за годишен одмор. Или на пример ако одлуката за исплата на К15 работодавачот ја донел во октомври, тогаш регресот ќе изнесува 40 отсто од октомвриската плата“, вели Јованоски.

Од ДИТ објаснуваат дека Министерството за труд ја објавува секоја година висината на регресот за годишен одмор, и годинава тој ќе изнесува околу 12.500 денари.

А, оваа година, со К15 ќе се омрсат и околу 12 илјади административци. Односно, согласно со гранскиот Колективен договор за вработените во јавниот сектор потпишан во 2020 година меѓу УПОЗ и Министерството за информатичко општество и администрација, оваа година К15 ќе им следува на вработените во органите на државната управа, судството и општините.

Но, треба да се има предвид дека за нив е утврден фиксен износ на регрес за годишен одмор, односно 9.000 денари. Овој износ на К15 ќе го земат само 12 илјади вработени, а не целата државна администрација.

Што доколку работниците не ги добијат заслужените и очекувани пари од регресот за годишен одмор?

„Доколку на работникот не му биде исплатен регрес до крајниот рок, веќе во наредниот работен ден во 2023 година, тој може да поднесе претставка до Државниот инспекторат за труд и тоа на еден од следниве начини: или преку формите на веб страницата на ДИТ, со тоа што е овозможена анонимна пријава од познат подносител, потоа преку кол центарот на ДИТ, или лично да се поднесе пријава во некоја од најблиските подрачни единици на Инспекторатот“, објаснува Јованоски, помошник раководител на Секторот за инспекциски надзор во ДИТ.

Тој нагласува дека претставките по основ на неисплатен регрес за годишен одмор во јануари следната година ќе имаат приоритет за Инспекторатот и таа институција ќе постапува по нив многу доследно и одговорно, дотолку повеќе што оваа тема е многу медиумски експонирана и има голем одглас во јавноста, а правото на регрес е едно од основните работнички права, кое често знае да биде злоупотребено од страна на работодавачите.

Прво што се прави за оние работодавачи кои не исплатиле К15, како прва инспекциска мерка, е да им се издаде решение со опомена и наредба да го исплатат регресот, а ако тие и тогаш не постапат и не ја извршат исплатата, им се изрекува прекршочен платен налог за непостапувањето. Што значи дека тие во овој случај одговараат прекршочно и им се изрекува глоба за сторениот прекршок, чија висина зависи од големината на фирмата што го сторила прекршокот.

Доколку, пак, работодавачот им ја исплати К15 на работниците и потоа ги тера да му ги враќаат парите, и ако се утврди дека тој тоа навистина го сторил, тогаш тој газда кривично ќе одговоара, за што настапува Министерството за внатрешни работи, се разбира во асистенција со ДИТ. Ако потоа низ постапка се утврди дека тој го сторил кривичното дело, работодавачот може да биде казнет и со казна затвор. Но, како што велат од ДИТ, тоа е веќе работа на Обвинителството, а не на нивната институција.

Според искуствата на Државниот инспекторат за труд, кога ќе им издадат наредба на работодавачите да исплатат К15, тие најчесто постапуваат и го вршат плаќањето, но има и случаи кога некои работодавачи не реагираат на опомените, па мора да одговараат прекршочно.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОГОВОР ЗА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ: Дали Косово попушта за динарот?

ИМА ДОГОВОР ЗА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ: Дали Косово попушта за динарот?

ДА НЕ СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ: Сенатор бара САД да усвојат 32-часовна работна недела

ДА НЕ СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ: Сенатор бара САД да усвојат 32-часовна работна недела

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ, НО НЕ И „БЕНЗИНЦИТЕ“ - еве како се менуваат цените на горивата по полноќ

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ, НО НЕ И „БЕНЗИНЦИТЕ“ - еве како се менуваат цените на горивата по полноќ

РОМАНЦИТЕ СЕ МАЧАТ СО ВИСОКА ИНФЛАЦИЈА: Во кои европски земји таа е најниска?

РОМАНЦИТЕ СЕ МАЧАТ СО ВИСОКА ИНФЛАЦИЈА: Во кои европски земји таа е најниска?

Велковски: 2.252 лица добиле социјална помош, а имале возило

Велковски: 2.252 лица добиле социјална помош, а имале возило

СТАВЕН ПОД ЗАЛОГ ИМОТ ВРЕДЕН 1,8 МИЛИОНИ ЕВРА - „Неметали Огражден“ од Струмица извести за голема зделка

СТАВЕН ПОД ЗАЛОГ ИМОТ ВРЕДЕН 1,8 МИЛИОНИ ЕВРА - „Неметали Огражден“ од Струмица извести за голема зделка

Албанска компанија ја купи „Студио Модерна“ во Македонија

Албанска компанија ја купи „Студио Модерна“ во Македонија

Со што „Макпетрол“ ќе ги израдува акционерите, но и вработените?

Со што „Макпетрол“ ќе ги израдува акционерите, но и вработените?

ГОЛЕМ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА: Побарувачката за „црното злато“ ќе расте

ГОЛЕМ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА: Побарувачката за „црното злато“ ќе расте