А1 Македонија донира и официјално предаде во употреба Центар за психолошка поддршка за младите во Кочани
Објавено во: Мои пари 06 Септември, 2025 09:46
Поттикнати од потребата за долгорочна психосоцијална поддршка во Кочани и регионот, А1 Македонија иницираше проект за создавање безбеден простор за младите и нивните семејства. Денес, таа иницијатива е успешно реализирана со официјално отворање на младинскиот центар „Гнездо“, развиен во партнерство со локалното здружение „Супортко“.
„Гнездо“ претставува простор за социјализација, емоционална стабилизација и заедничко закрепнување. Центарот ќе овозможи пристап до професионални психолошки услуги, групна работа, работилници и активности за младите од Кочани, со цел полесно справување со последиците од траума, стрес и нарушена социјална структура.
Донацијата од А1 Македонија целосно ја покри финализацијата на центарот, од опремување, ентериерно уредување до создавање на услови за стручно спроведување на програмите. Овој ангажман произлегува од корпоративната определба на А1 да биде активен чинител во општеството, особено во кризни и чувствителни моменти.

„Кога заедницата е погодена од ваков
тип на криза, мора да се дејствува одговорно, брзо и со визија за иднината.
Нашата иницијатива да се создаде простор за психосоцијална поддршка беше
мотивирана од потребата младите во Кочани да добијат трајна, суштинска
поддршка.Горди
сме што како А1 Македонија придонесуваме младите да добијат поголема поддршка,
а заедницата – простор исполнет со сила и надеж. Со ова, уште еднаш ја
потврдуваме нашата улога – да бидеме партнер и поттик за позитивни промени во
општеството,“ изјави Методија
Мирчев, Главен извршен директор на А1 Македонија.
„Поддршката од А1 Македонија не беше само финансиска туку беше искрена заложба за заедницата. “Гнездо” е резултат на една одговорна иницијатива и на силно партнерство. Овој проект претставува пример за тоа како компаниите, преку стратешки иницијативи, можат да остават траен позитивен отпечаток врз заедницата, изјави Дарко Стоилов, претседател на здружението „Супортко“
Со отворањето на „Гнездо“, Кочани добива повеќе од простор, добива симбол на солидарност, обновување и нова енергија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





