А1 Македонија ги отвори вратите за новата генерација платена пракса преку програмата A1 WayUp
Објавено во: Мои пари 01 Октомври, 2025 14:31
Со особена чест и задоволство, А1 Македонија го најавува официјалниот почеток на нова генерација млади таленти кои ќе ја следат платената пракса во рамките на реномираната програма A1 WayUp за 2025/2026 година. Оваа програма, која годинава се одвива петта година по ред, претставува значаен мост помеѓу академското образование и професионалниот развој, овозможувајќи им на младите професионалци да стекнат бесценето практично искуство и да се усовршуваат во иновативна и предизвикувачка работна средина во А1 Македонија и во рамките на целата А1 Телеком Австрија Групација.
Во текот на оваа сезона, вкупно 16 избрани учесници ќе ги развиваат своите експертизи во клучни и перспективни домени како што се автоматизацијата, анализа на податоци, виртуелизација, развој на платформи, инфраструктура и облачни технологии (Infrastructure & Cloud), сајбер безбедност, технолошки сервиси, ИКТ решенија и човечки ресурси, со што ги одговараат современите потреби на дигиталната трансформација.
„Многу сме задоволни од високата заинтересираност и квалитетот на кандидатите кои оваа година аплицираа за нашата програма. Ова не само што ја потврдува репутацијата на А1 Македонија како водечка компанија која нуди напредна, иновативна и стимулирачка работна средина, туку и како место каде што младите таленти можат да ги развијат своите способности и да создадат солидна основа за нивната понатамошна кариера. Новата генерација практиканти ќе има пристап до обуки од висок ранг и професионално менторство, со што ќе се обезбеди нивниот континуиран раст и усовршување“, изјави Стефан Јовановски, директор за човечки ресурси и култура во А1 Македонија.
Програмата A1 WayUp е платена, трае шест месеци и е организирана како полно работно време, со јасна насока кон развој преку работа на реални, иновативни и стратешки проекти. Практикантите добиваат целосна поддршка од искусни ментори и тимови, како и сите бенефити и привилегии кои ги уживаат редовните вработени во компанијата во поглед на раст и развој. Дополнително, успешните учесници имаат и можност за вработување уште пред официјалниот крај на програмата, што ја потврдува посветеноста на А1 кон долгорочниот развој на талентите.
Оваа иницијатива е уште една потврда за стратешката визија на А1 Македонија, која континуирано вложува во создавање на инклузивна и динамична работна средина, со цел да го поттикне професионалниот развој и да ги подготви младите професионалци за предизвиците на иднината.
*ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





