06 Декември, 2025
0.0286

А1 МАКЕДОНИЈА ЈА ПРОДОЛЖУВА ЕКСКЛУЗИВНАТА МОЖНОСТ за учење дигитални вештини НА БЕСПЛАТНАТА А1 АКАДЕМИЈА

Објавено во: Мои пари 03 Октомври, 2025 11:41

Добивај вести на Viber

Ø Отворен повик за новиот модул „Бизнис аналитика“ Ø Врвни експерти и ексклузивни предавачи Ø 3 недели напредна програма

A1 Македонија продолжува со својата посветеност кон развојот на дигиталните вештини кај младите и го најавува модулот „Бизнис аналитика“ во рамките на својата едукативна платформа A1 Академија, која има за цел развој и унапредување на дигиталните и аналитички вештини кај младите. Модулот стартува на 21 октомври и е наменет за млади од 18 до 25 години, кои сакаат да стекнат знаење и вештини во области какви што се анализа на податоци, визуализација на податоци, анализа на внатрешни бизнис фактори и примена на вештачката интелигенција во бизнис секторот. Со модулот „Бизнис аналитика“ младите ќе научат како да ја искористат моќта на податоците и вештачката интелигенција за реални бизнис-решенија.

„Наша визија е да им помогнеме на младите да станат двигатели на позитивни промени во дигиталната економија и активни учесници во бизнис-трансформацијата. Преку модулот Business Analytics, учесниците ќе стекнат вештини за анализа на податоци, критичко размислување и применa на вештачка интелигенција, кои се клучни алатки за носење информирани и стратегиски деловни одлуки. Веруваме дека инвестирањето во дигитални вештини е инвестиција во иднината на нашето општество. Ги охрабруваме сите млади што сакаат да се развиваат професионално, да ја искористат оваа можност и да го направат првиот чекор кон успешна кариера“, изјави Бранкица Толевска, раководителка на одделот за бизнис-трансформација, корпоративна стратегија и корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Модулот ќе биде реализиран под менторство на искусен професионалец од областа на бизнис аналитиката, дополнет со гостинско предавање од професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Комбинацијата на академско знаење и реални индустриски искуства ќе овозможи збогатена и практично ориентирана програма, со фокус на применливи алатки и современи аналитички пристапи.

Досега повеќе од 300 млади и амбициозни учесници беа дел од Академијата и преку неа ги надградија своите дигитални вештини и се подготвија за предизвиците на современото работно опкружување. Академијата продолжува со својата мисија – да биде водечки двигател на квалитетна и иновативна едукација за младите генерации.

Сите заинтересирани можат да аплицираат на a1academy.a1.mk

Повикот е отворен до 15.10.2025.

По завршување на Академијата, секој учесник добива сертификат за стекнатото знаење.

*ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј