19 Мај, 2024
0.0310

Абдула Ѓул се враќа во политика, му ги расипа плановите на Ердоган?

Објавено во: Балкан 11 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Досегашниот турски претседател Абдула Ѓул најави дека се враќа на политиката и на неговата матична Партија на правда и развојот, во чие основање учествуваше. Оваа најава на Ѓул претставува камен на сопнување за плановите на досегашниот премиер Реџеп Тајип Ердоган, кој по преземањето на претседателската функција имаше намера да постави некој од своите блиски соработници за лидер на партијата и за иден премиер, со што посредно ќе добиеше можност да ја контролира и турската Влада, пишуваат медиумите во Турција. Враќањето на Ѓул во партијата, каде што неговата позиција е релативно силна, ги расипа ваквите планови на Ердоган. Политички аналитичари најавуваа дека тој има намера практично да ги постави контурите на новиот владин кабинет пред да замине на претседателската функција, но денеска стана извесно дека новиот партиски лидер и мандатар за состав на новата Влада ќе се бира на апртиски конгрес кон крајот на август. Конгресот е закажан за 27 август, а инаугурацијата на Ердоган само ден подоцна - на 28 август. „Јас бев еден од основачите на партијата, бев првиот премиер и претседател избран од оваа партија. Сосема природно за мене е да се вратам во мојата партија“, рече Ѓул кој за време на претседателската функција мораше да ги стави во мирување партиските активности, согласно турскиот Устав. Аналитичарите претпоставуваат дека ова е отворена најава на Ѓул да се кандидира за лидер на партијата на партискиот конгрес, а со тоа да си ја обезбеди позицијата и мандатар за состав на новата влада. Во изминатата година, иако од иста партија, Ердоган и Ѓул имаа неколку политички несогласувања, особено околу обидот на турскиот премиер да ги ограничи социјалните мрежи во Турција. Исто така, медиумите во Турција наведуваат дека Ердоган не го посакува Ѓул за партиски лидер, затоа што тој е моќна политичка фигура, која може да преземе контрола врз Партијата на правдата и развојот.

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел