Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2025 18:05
Штрајк ќе има утре во Управата за водење на матични книги.
Вработените ќе бидат на своите работни места, но нема да ги извршуваат работните обврски во знак на револт поради неисполнување на ветувањата од надлежните и непотпишување на колективни договори. Ова го најавија од Независниот синдикат на Управата. Нема да се издаваат изводи од матичните книги, венчаници, ниту други официјални потврди.
Доколку не се исполнат ветувањата изјавија дека не се исклучува можноста и за генерален штрајк.
Од Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) наведуваат дека бојкотот е предупредувачка мерка, откако во изминатата година не бил постигнат договор со надлежните институции околу барањата на вработените.
Според синдикатот, незадоволството произлегува од ниските плати и условите за работа. Тие бараат линеарно зголемување на платите од 20 проценти, образложувајќи дека нивната работа подразбира постојано ракување со чувствителни и доверливи лични податоци на граѓаните, без соодветно вреднување.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации




