АД ЕСМ и РЕК Битола потрошија екстра 20 милиони евра на јаглен
Објавено во: Економија 02 Декември, 2020
Електрани на Северна Македонија и пред се подружницата РЕК Битола за една година потрошиле 20 милиони евра повеќе за зголемено производство на електрична енергија од фосилни горива, покажува објавениот финансиски извештај за 2019. Зголемениот трошок се должи на потребата од повеќе струја од термо-производство поради сушата и неповолните климатски и хидролошки околности. Нјмногу поради ова, добивката паднала од 29,8 на само 3,2 милиони евра.
Голем дел во оваа разлика на годишно ниво влегува и ангажирањето на надворешна механизација на приватни оператори за ископ и транспорт на јагленот. Сето ова кореспондира со барањето на претпријатието да се зголеми тарифата за електрична енергија до Регулаторната комисија за енергетика, што резултираше со поскапувањето на електричната енергија за 7,4 отсто годинава.
- Најголемо вредносно зголемување од
1.085.982 илјади денари има кај РЕК Битола поради зголеменото производство за 607 GWh што има
директно влијание на зголемување на трошокот за откоп на јаглен и јаловина во висина од 659.172
илјади денари, зголемување на трошокот за залиха на недовршеното производство (јаглен) во висина
од 369.610 илјади денари, зголемени услуги за тековно одржување на средствата за 149.608 илјади
денари и зголемен трошок за мазут за 95.389 илјади денари, велат од АД ЕСМ.
Истото зголемување на расходите е на ниво на целото претпријатие, па така трошокот за откоп на јаглен и јаловина, кој главно оди преку ангажирање на приватни оператори, е зголемен за 659.172 илјади денари, зголемување на
трошокот за залиха на недовршеното производство (јаглен) за 514.725 илјади денари, повеќе
потрошен мазут за 138.486 илјади денари, зголемување на трошокот за услуги за тековно одржување
на средствата за 124.763 илјади денари.
Произведени се 4.879.650 тони јаглен односно 2,11 проценти повеќе, но затоа трошоците за третирање на јаловината се зголемени за дури 395 милиони денари, за ангажираната механизација од надворешни фирми за одржување на рудниците бележат
зголемување од 228 милиони денари повеќе, а трошоците за ископ и транспорт на јаглен бележат зголемување од 66.6 милиони денари.
АД ЕСМ минатата година имал и наплатен отпишан долг во износ од 126.6 милиони денари со камати од 296,85 милиони денари кон АД МЕПСО. Донации за синдикатот се зголемени од 48,4 на 118 милиони денари. Парите за ангажирање на работници од приватни агенции се зголемени од 87,5 на 206 милиони денари.
Поранешно Електростопанство платило и 60.660 илјади денари за адвокатски и нотарски услуги, пред се поради арбитражата за судскиот спор по раскинатиот договор со компанијата „Бабкок Борсиг“ во 2015. Германската компанија беше ангажирана за ревитализацијата и модернизацијата на термоелектраната РЕК Битола, но договорот беше раскинат, а сега АД ЕСМ мора да плаќа за странска адвокатска компанија.
Вредноста на склучените јавни набавки во 2019 изнесувала 2.622 милијарди денари, или 400 милиони денари повеќе за една година. Истата година беше направен капитален ремонт на ТЕ Битола 2.
Производството на АД ЕСМ во 2019 година е за 2,8 поголемо од оствареното производство во 2018 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.