АД ЕСМ купува над милион тони јаглен, почетната прифатена цена е 55 евра од тон
Објавено во: Економија 26 Септември, 2025 07:50
Зависноста на АД ЕСМ од увезен јаген за термоелектраните продолжува и пред следната грејна сезона. Ќе се купуваат рекордни над милион тони во период од околу една година, според објавените јавни повици.
Од минатиот период се објавени нови повици во кои се бараат над 700.000 тони јаглен за РЕК Битола и 400.000 тони за РЕК Осломеј. Повиците ќе бидат отворени до исцрпувањето на бараните количини. Првата набавка е веќе реализирана - купени се 100.000 тони преку фирмата Рес Инженеринг по цена од 54,9 евра по тон. Ако се земе оваа цена за ориентациска, излегува дека во наредните година дена ќе се потрошат повеќе од 50 милиони евра за јаглен што не доаѓа од рудниците на АД ЕСМ.
- Цената е 448 денари по гигаџул. Цената е генерално на ниво на понудите од последното тримесечје од 2024. Тоа е за околу 110-120 денари пониска цена за гигаџул во однос на набавките во време на претходното раководство. Важно е да се напомене дека при евалуација на понудите, клучни се техничките карактеристики на јагленот и калоричната вредност да бидат соодветни на параметрите пропишани за ТЕ Осломеј и ТЕ Битола, ни рекоа од ЕСМ.
Во последните години јагленот што се копа од двете наоѓалишта, „Суводол“ и „Брод – Гнеотино“ не е доволен за работењето на двете термоелектрани, а изборот на фирми што го увезуваат често предизвикува контроверзи кај јавноста.
За надополнување на сопствените капацитети се планира отварање на уште еден рудник - „Живојно“ од каде треба да се ископуваат милион тони јаглен годишно, но за тоа ќе биде потребен подолг период бидејќи прво ќе треба да се отстрани површината.
Самиот Државен завод за ревизија неодамна во својот последен извештај утврди дека ЕСМ работел со големи трошоци што ја правеле производната цена на електрична енергија многу повисока во однос на продажната по која му се продава на ЕВН како универзален снабдувач.
Ревизорите наведуваат дека најдраматични се податоците за 2024 година: Производствената цена на електричната енергија изнесувала 113 евра за мегават-час; Продажната цена, наметната кон универзалниот снабдувач, била само 59 евра. Истата состојба се повторувала и во претходните години:
„Работењето во услови на системска загуба го загрозува континуитетот на работењето на акционерското друштво и ја ограничува можноста за ефикасно спроведување на јавните инвестиции во енергетиката,“ стои во извештајот на ДЗР.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




