26 Ноември, 2024
0.0291

Администрацијата за храна и лекови на САД: Вакцината на Фајзер започнува да делува по 10 дена

Објавено во: Корона Вирус 08 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Вакцината против коронавирус направена од Фајзер и Бајонтех обезбедува силна заштита од Ковид-19 во рок од околу 10 дена од првата доза, според документите објавени во вторникот од страна на Администрацијата за храна и лекови пред состанокот на нејзината советничка група за вакцини.

Наодот е еден од неколкуте значајни нови резултати прикажани во брифинг материјалите, кои вклучуваат повеќе од 100 страници со анализи на податоци од агенцијата и од „Фајзер“. Минатиот месец, Фајзер и Бајонтех објавија дека нивната вакцина има стапка на ефикасност од 95 проценти по две дози на три недели разлика. Новите анализи покажуваат дека заштитата започнува да делува многу порано.

Уште повеќе, вакцината делуваше добро, без оглед на расата, тежината или возраста на волонтерот. Додека испитувањето не откри сериозни несакани дејства предизвикани од вакцината, многу учесници доживеаја болка, треска и други несакани ефекти.

Од брзото влијание на вакцината може да имаат корист не само луѓето кои ја добиваат, туку и затегнатите болници во земјата, ограничувајќи го протокот на нови пациенти во единиците за интензивна нега.

И покрај раната заштита што ја дава првата доза, не е јасно колку долго таа заштита ќе трае самостојно. Претходните студии откриле дека втората доза на вакцината дава на имунитетниот систем голем, долгорочен поттик, ефект забележан во многу други вакцини.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.