Административците да пријавуваат закани - охрабрува Кирацовски
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2016
Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски денеска најави дека до 1.288 институции ќе бидат испратени писма со соодветен допис, летоци и постер со содржина со правата и обврските на вработените во администрацијата,
Ова е дел од кампањата за нула закани и притисоци врз админитрацијата. Кирацовски вели дека законот е јасен и казните се строги за оние кои на каков било начин се ставиле во функција на партијата, а не на интересите на граѓаните.
„Доколку и врз нив, од нивната партија се врши притисок за партиско-политички цели и тоа веднаш да го пријават кај нас, а ние тука сме да ги заштитиме нивните права“ - кажа Кирацовски.
Вели дека до почетокот на изборите тој и неговиот тим ќе посетат околу 100 поголеми институции за кои имаат информации за одредени нерегуларности поврзани со организацијата со изборите, при што ќе ги охрабрат да пријават секаков вид на закани и притисоци. Кирацовски, лично ќе застане во нивна заштита.
Тој додаде дека на нивната веб страна административците најмногу се жалеле на партиски притисоци за обезбедување на 10-15 гласачи или задолжително присуство на митинг на владејачките партии.