05 Декември, 2025
0.4187

„Адора Инжинеринг“ на Саемот за недвижности

Објавено во: Македонија 04 Март, 2014 14:59

Добивај вести на Viber

Под слоганот 100 % МАКЕДОНСКА КВАЛИТЕТНА ГРАДБА, Адора Инженеринг на препознатлив штанд се претставува на 4-тиот Меѓународен саем на недвижности и инвестиции RealExpo 2014, кој беше отворен денес на Скопскиот саем во рамките на 11-тиот Саем за градежништво. Саемот го отвори заменик претседателот на владата на Република Македонија и министер за финансии Зоран Ставрески, а најпосетен беше токму штандот на Адора Инженеринг. Сите купувачи на стан на саемот со останатите купувачи во текот на годинава, влегуваат во наградната игра за добивање на најнов модел автомобил ПОЛО, а традиционално купувачите на стан на саемот, со Адора ќе патуваат во Дубаи. „Градежништвото минатата година забележа пораст од 33%, што е потврда дека овој сектор имаше извонредно значајна улога во растот на македонската економија, што меѓу другото се должи и на поттикнувањето со многу мерки и активности од приватниот сектор и Владата на Република Македонија во насока на поддршка на градежната активност и на инвестициите во овој сектор“, порача вицепремиерот Ставрески, кој на отворањето на Саемот на недвижности најпрво го посети штандот на Адора Инженеринг, каде во разговор со менаџментот, се интересираше зошто елитните станбени објекти на овој градежен супербренд се препознатливи како 100 % македонска квалитетна градба, за тестирањата на нивната сеизмичка стабилност со „вештачки земјотрес“, како и за учеството на компанијата во владиниот проект „Купи куќа, купи стан“. „Адора Инженеринг е вклопена од почетокот во проектот „Купи куќа, купи стан“, а сега и со двата најнови објекти кои со 110 елитни енергетски ефикасни станови се градат во Ново Лисиче, општина Аеродром, Скопје на локации купени од државата на транспарентна лицитација. Компанијата е типичен пример која сите поволни системски мерки на владата ги користи за успешно да работи, за што илустрација е фактот што сите станови изградени во една година, ние ги продаваме. Во текот на 2013-та Адора Инженеринг продаде 274 станови, а во првите месеци од 2014-та, се продадени повеќе од 25 станови месечно. Слоганот 100 % македонска квалитетна градба значи дека во градежната оператива во текот на целата година работат повеќе од 400 до 500 работници од Македонија и најголемиот процент од градежните материјали и деловните партнери се од македонско потекло“, порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора Инженеринг. Тој подвлече дека високата сеизмичка стабилност на објектите, потврдена со два „вештачки земјотреси“, се должи на вградувањето на 40 до 50% повеќе железо и поцврст бетон од проектираното, со што се потврдува довербата кај купувачите и е гаранција за нивна безбедност и мирен сон, во прилог на новите измени на Законот за градење. За купувачите и посетителите на REALEXPO 2014, Адора Инженеринг има богат промотивен материјал за понудата на станови и деловни објекти, низа поволности, вредни изненадувања и интересни подароци. Саемот на недвижности на кој се претставуваат 300 компании од Македонија и Европа, со понуда од 3.000 станови, е отворен секој ден од 10 до 19 часот, до сабота-8 март, кога е затворањето на саемот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија