26 Април, 2024
0.0417

Адвокатите на Мишковиќ нудат кауција?

Објавено во: Балкан 14 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Адвокатите на Мирослав Мишковиќ, сопстевник на „Делта Холдинг“ и на неговиот син Марко, планираат да понудат кауција за нивното пуштање на слобода, пишува Блиц. Медиумите и порано пишуваа дека адвокатите на Мишковиќ нуделе кауција за да може да се барни од слобода, но тогаш и адвокатите и Обвинителството за организиран криминал ја демантираа оваа вест. Според српскиот закон за кривична постапка не е ни возможно да се понуди кауција во случај кога судот ќе одреди притвор поради можно влијание врз сведоците. Меѓутоа оваа тема повторно се актуелизира, бидејки сите сведоци планирани за овој случај се веќе сослушани. Блиц потсетува дека на Мирослав и Марко и на останатите, притворот им е одреден поради три основи: За да не влијаат врз сведоците, поради опасност од бегство и пореди вознемирување на јавноста. Адвокатите на Мишковиќ сега сметаат дека една од причините за продолжување на притворот практично е “решена“, бидејки се сослушани сите сведоци, односно нема никакво влијание врз нив, а судот за преостанатите причини може да им ги земе патните исправи, да ги обврза со секојдневно пријавување во полицијата како и да им одреди куќен притвор со електрична алка или без неа. Поради тоа адвокатите на сопственикот на „Делта Холдинг“одлучиле да бараат ослободување од притворот. Според Блиц за тоа ќе биде понудена кауција во висина на штетата за која се терети Мишковиќ, околу 20 милиони евра. На Мирослав Мишковиќ, Марко како и на Џурашковиќ притворот им е продолжен до 9-ти март, сепак тие имаат право  пред истекување на ова продолжение да бараат ослободување од притвор. Конечната одлука ќе ја донесе Апелациониот суд во Белград.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната