05 Декември, 2025
0.0346

АДВОКАТКАТА ЈОШЕВСКА АНАСТАСОВСКА СО РЕАКЦИЈА ЗА ИЗЈАВАТА НА СУДИЈКАТА НА СУДЕЊЕТО ЗА КОЧАНИ: Реагира за „ќе стигнеме до вистината“

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2025 08:53

Добивај вести на Viber

Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска, со реакција за стартот на судењето за пожарот во Кочани и за обраќањето на судијката во кое таа рече дека „ќе дојдеме до вистината“.
Кога во 2010 беше донесен новиот Закон за кривична постапка, законодавецот го приоретизираше фер-постапувањето и гарантирањето на правата на обвинителство и одбраната наспроти дотогашната улога на судот да делува како орган чија примарна задача е „утврдување на материјалната вистина“.

Оттука, 15 години подоцна ме изненадуваат формулации како онаа на судијата на почетокот на судењето за предметот Кочани, кога завршувајќи го почетното обраќање кон јавноста рече: „ќе стигнеме до вистината“.

Тоа можеби звучи како ситен јазичен испад, но во суштина може да ја збуни лаичката јавност и да ја промени стартната перцепција за улогата на одбраната па и на судот кој согласно закон, е во суштина неутрален арбитер во една фер „битка“ на докази и аргументи помеѓу државата и одбраната, а не некој вид „утврдувач на апсолутната вистина“. Ова е особено деликатно поради можните психолошки ефекти во јавноста која поради ваков вординг би можела да гледа на одбраната како на "непријател на вистината“, што го поттикнува стигматизирањето на бранителите и дополнително го нарушува перцепирањето на тоа- Која е целта на кривичната постапка?

За поздрав е обраќањето на судот на почетокот на судењето и сметам дека тоа е одличен начин судот да ја доближи неговата улога до јавноста, но при тоа очекувам судот јасно да артикулира дека целта на постапката не е „стигнување до апсолутната вистина“, туку овозможување фер, транспарентна и правно мотивирана постапка каде што обвинението ќе биде ценето од страна на судот според тоа дали е докажано „надвор од разумно сомневање“. Ако судот го објасни тоа јасно, јавноста можеби подобро ќе разбере зошто обвинетите имаат прво, право на бранител и второ, право да застапуваат аргументи спротивни на оние на обвинителството. Тоа не е затоа што се „непријатели на вистината", туку затоа што само на тој начин е возможно да се провери дали обвинението е правно и фактички издржано.

Тонот на објаснувањето на судот никако не смее да личи дека одбраната ќе биде збир на лоши луѓе кои немаат осет за жртвите и оштетенете, но ете, што да се прави, мораме да им дадеме простор како на нужно зло, туку дека сите присутни во просторијата навистина сме заинтересирани да откриеме дали обвинението е правно издржано и дали според него може да се осуди“, напиша таа.



* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец