Адвокатот Серјожа Марков ќе собира опасен отпад кај топилницата „Скопски легури“?

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2025 15:15
Серјожа Марков, адвокат познат во јавноста како близок до владејачката ВМРО-ДПМНЕ, но и до поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, основал фирма за собирање опасен отпад во кругот на „Скопски легури“, производителот на фероникел, кој не работи 13 години, во комплексот „Рудници и Железарница“ во Гази Баба.
Познатиот скопски адвокат ја основал „Хемо Сервисис“ заедно со Тијана Бамболи Делевска, а за управители се назначени Димитар Делевски и Зоран Никитовиќ од Бар, Црна Гора. Адресата од февруари, по еден месец од регистрацијата, е променета и се наоѓа на 16-та македонска бригада 18, Гази Баба, каде што е и топилницата.
На истата адреса на почетокот на оваа година формирана е нова компанија „Скопскилегури Аллојс“ со главнина од 22 милиони евра. Директор е Украинецот Денис Корнијенко, а сопствениците се од Обединетото Кралство. Во истиот период на истата адреса со „Скопскилегури Аллојс“ е основана уште една компанија - „Интернешанал Ресајклинг Енд Фералој Трејдинг“. Сопственик и управител е албанскиот бизнисмен Башким Прогри, кој во Елбасан ја поседува „Карбон Плант“ за производство на паста за електроди за металуршката индустрија за феролегури како фероникел, феросицилиум, фероманган и ферохром. Останати двајца косопственици во „Интернешанал Ресајклинг Енд Фералој Трејдинг“ се Сергеј Дроздов и Андриј Хорбатенко од Украина. Официјалната дејност е трговија со отпадоци и остатоци.
Инаку сопругата на Марков, Аделина Тахири, најмалку два пати беше забележана во првите редови на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ додека партијата беше во опозиција. Пејачката беше во непосредна блзиина до самото раководство.
Од она што е познато е тоа дека „Скопски легури“ имаат поднесено барање до Министерството за животна средина за А-интегрирана дозвола за работа во која пишува дека се планира месечно производство од вупно 6.500 тони феросиликоманган и фероманган. Барањето е поднесено поради „пуштање Инсталација во работа после застој“.
За почеток се вели дека е планирано вклучување на една од печките од постојната инсталација во топилницата, а во барањето од „Скопски легури“ велат дека политиката на работа ќе биде создавање на „нула емисии на ЦО2“, иако ќе има отпадни гасови, троска и техничка вода која ќе се излива. Трансформаторското масло, како што е наведено, треба да се регенерира, а индустриската прашина да се филтрира во посебен систем. Би се користела и сопствена депонија од 1,5 хектари.
„Скопски Легури ДООЕЛ е брз и динамичен македонски производител на феролегури и е клучен извозник на производи од феролегури во Европската Унија, Балканот, САД, Турција и земјите од Блискиот Исток. Ова модерно, вертикално интегрирано, извозно ориентирано претпријатие има огромен потенцијал за производство. Поради долгогодишното искуство во работењето на Барање за добивање на А- Интегрирана еколошка дозвола 40 металуршкиот пазар како и високо квалитетното производство, претпријатието се стекна со репутација на доверлив партнер кој ги исполнува барањата на клиентите“, пишува во барањето.
Од компанијата напоменуваат и дека се склучени договори со локални бизниси од кои ќе се снабдуваат со електрична енергија, природен и технички гас, јаглен, мазут, кокс, манганова руда, кварцит, варовник, масла и индустриска вода.
Пред Нова година Државниот инспекторат за животна средина направил вонреден ненајавен инспекциски надзор. Од таму соопштија дека претставници на Министерството за животна средина го направиле првиот увид во октомври 2023 и дека во моментот на инспекцискиот надзор „се работи на адаптација во производствениот процес“.
- Правниот субјект е во стечајна постапка, стечаен управник е Маринко Саздовски, а во правниот субјект нема лице задолжено за животна средина, објави тогаш инспекторатот.
А.К.Можеби ќе ве интересира
САКААТ ДА ЗАПРЕ ОДЛИВОТ НА РАБОТНИЦИ: Босанските синдикалци бараат минималец од околу 600 евра

Состојбата со електричната енергија под постојан надзор – Координирана акција на клучните институции

ЦАРИНИТЕ ЗА НИВ СЕ ЛУДОСТ И КАПРИЦ: Дванаесет американски држави ја тужат администрацијата на Трамп

СРПСКИ МЕДИУМИ: ДО ГРЦИЈА СЕГА ЌЕ СЕ СТИГНУВА МНОГУ ПОБРЗО - на граничниот премин Дојран отворени две нови ленти, зголемен е протокот на патници
Убави вести за акционерите на „Макпетрол“! За три месеци добивката е 2,78 милиони евра

ЕВЕ КАКО РАБОТЕЛЕ ФИРМИТЕ ЧИИ ГРАДЕЖНИ ЛИЦЕНЦИ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГИ ОДЗЕМА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ - 49 од нив имаат актуелни договори за јавни набавки

ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ЌЕ БИДАТ ВЛОЖЕНИ ВО НОВИ ХОТЕЛИ: Во Хрватска доаѓаат Хајат, Хилтон, Мериот, Акор...

ПРОДОЛЖИ ДА ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА ТЕСЛА: Еве што се случува

Финансиска полиција откри „семкар“ кој затаил 200.000 евра
