06 Декември, 2025
0.0376

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ГО ВОВЕДЕ РЕВОЛУЦИОНЕРНИОТ СИСТЕМ ЗА РАДИОТЕРАПИЈА И РАДИОХИРУРГИЈА TRUEBEAM

Објавено во: Мои пари 06 Октомври, 2025 11:32

Добивај вести на Viber

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го воведе напредниот линеарен акцелератор кој е целосно интегриран за изведување на радиотерапија и радиохирургија. TrueBeam од реномираниот производител Varian Medical Systems овозможува извонредна прецизност и ефикасност при третманот на дури и најсложените видови карцином, како што се: тумори на белите дробови, абдоменот, главата и вратот, мозокот и дојката.

Проф. д-р Дева Петрова, специјалист по онкологија, истакнува дека по 13 години упорна работа и посветеност, Одделот за онкологија и радиотерапија при Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и понатаму ја потврдува својата посветеност со значаен напредок.

„Денес, со гордост ја најавуваме новата ера во третманот на малигните заболувања – со набавката на линеарниот акцелератор TrueBeam, првпат во нашата земја ќе се применуваат радиохирургија и стереотаксична радиотерапија. Радиохирургијата и стереотаксичната радиотерапија овозможуваат исклучителна прецизност во третманот на малигните, како и некои бенигни тумори, со максимална заштита на здравото ткиво и пократко времетраење на терапијата. Нашата мисија остана иста – да им обезбедиме на пациентите најсовремено лекување и најголема можна поддршка во најтешките моменти од нивниот живот”, вели д-р Петрова.

Пациентите сега имаат пристап до терапии со висока прецизност, брзина и удобност, додека медицинскиот тим има капацитет да се справува со најсложените случаи на канцер со зголемена ефикасност.

„Технологијата TrueBeam ни овозможува да применуваме различни напредни техники на зрачење, меѓу кои интензитет-модулирана радиотерапија (IMRT), радиотерапија водена од слика (IGRT), стереотактичка радиохирургија (SRS), стереотактичка радиотерапија на телото (SBRT) и RapidArc радиотерапија – напредна форма на волуметриски модулирана aрк терапија (VMAT). Оваа разновидност ни дава можност третманите да ги приспособиме според специфичните потреби на секој пациент, избирајќи ја најсоодветната техника за конкретниот случај“, објаснува проф. д-р Петрова.

Според д-р Петрова, третманот на пациентите со TrueBeam се одвива низ неколку клучни фази: изработка на индивидуален план за терапија, изведување на третманот и контрола во тек на третманот.

„Откако ќе се соберат сите релевантни информации за карактеристиките на туморот, се подготвува прецизен план за третман што ги определува: точната доза, времетраењето и динамиката на зрачењето,“ објаснува д-р Петрова.

ВИЗУАЛИЗАЦИЈА И СЛЕДЕЊЕ НА ТУМОРОТ ВО 3Д-СЛИКА ВО РЕАЛНО ВРЕМЕ

Пред и за време на третманот, системот TrueBeam создава висококвалитетни 3Д-снимки во реално време, кои овозможуваат докторите прецизно да ја следат и приспособуваат позицијата на пациентот. На овој начин, туморот може да се визуализира со највисока точност, што значително ја зголемува ефикасноста на терапијата.

ИНТЕГРАЦИЈА НА TRUEBEAM И СИСТЕМОТ IDENTIFY

Varian ја унапредува технологијата за површинско-гранично радиотерапевтско следење (SGRT) со интеграцијата на системот IDENTIFY во своите TrueBeam-системи. Овој напреден систем овозможува прецизно позиционирање на пациентот, управување со движењата за време на терапијата и следење во реално време, со што се зголемуваат прецизноста, ефикасноста и безбедноста на третманите,што е клучно при третмани каде што органите се во движење (на пример, при дишење).

„Системот IDENTIFY обезбедува брзо и високопрецизно следење на движењата за време на изведување на широк спектар на третмани и техники, вклучувајќи: стереотактичка радиохирургија (SRS), стереотактичка радиотерапија на телото (SBRT) и третмани со контрола на дишењето. На пример, при дишењето, додека функционираат белите дробови, тие се движат и дијафрагмата го поместува црниот дроб, а системот TrueBeam се приспособува на овие мали промени во положбата на туморот во текот на терапијата“, објаснува д-р Петрова. 

МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП ВО ТРЕТМАНОТ НА ОНКОЛОШКИ ПАЦИЕНТИ

Во Центарот за онкологија и радиотерапија при „Аџибадем Систина“, третманот на пациентите се планира низ мултидисциплинарен пристап. Онколошкиот конзилиум составен од доктори специјалисти од различни области соработува за да обезбеди најсоодветен и индивидуализиран план за лекување на секој пациент.

Со воведувањето на TrueBeam, „Аџибадем Систина“ уште еднаш го потврдува својот фокус на здравјето на пациентите, стручност и грижа, обезбедувајќи радиотерапевтска нега според највисоки светски стандарди и нудејќи техники кои досега не беа достапни за нашите пациенти.

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј