16 Јануари, 2025
0.0266

АЕК преплавена од поплаки

Објавено во: Економија 25 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Агенцијата за електронски комуникации добива најмногу поплаки за квалитетот на услугите  од  операторите, но тие проблеми ќе се надминат со новата мерна опрема  што ја набавува ова регулаторно тело и ќе ја користи од 15 април годинава.

Тоа го изјави денеска директорот на АЕК Роберт Орданоски презентирајќи ги на средба со новинарите плановите на АЕК за работењето во текот на годинава.

- Има доста поплаки  во однос на квалитетот на сервисот што го нудат операторте. Купувате интернет  во којшто имате една брзина, но немате можност да ја проверите таа брзина и да докажете дека  не  е согласно договорот. Од 15 април кога ќе  почне да се применува новиот Правилник за квалитет на сервиси, што беше донесен на 15 септември, а за кој операторите добија преоден период за да ги подoбрат своите мрежи,  ќе нема можност  за корекција. Нашите служби ќе бидат присутни постојано на терен и сите овие поплаки ќе ги решаваат, тврди Орданоски.

Граѓаните, посочи, стандардно се жалат и на висината на сметката, за што службите на АЕК  реагираат преку директен пристап во билингот на операторот. Ако бројот на минути  што е наплатен не е еднаков со тоа што го кажува билингот, операторот ќе мора да ја корегира својата сметка.

Според Орданоски, со новата софистицирана опрема ќе се мерат сите параметри на услугите од сите оператори, но истовремено ќе се вршат и редовни мерења. На операторите им се зададени параметри што мора да ги исполнат, како што е на пример достапност од 95 проценти на мобилната мрежа во мобилната телефонија, таму кај што се изјасниле дека имаат. Во тек се и активности за старт на дигитализацијата од јуни годинава, а АЕК се подготвува и за распишување нов тендер за четвртата генерација мобилна телефонија 4 Г, која услуга очекува да стартува од септември годинава.  АЕК, најавува Орданоски, ќе ги подобри условите на тендерот, за што се прави анализа за цената на еднократниот надомест.

Според податоците на АЕК, заклучно со третиот квартал лани, телекомуникацискиот пазар во Македонија бележи раст  во сите категории,  во однос на истиот квартал 2011.  Кај бројот на претплатници на широкопојасен интернет има зголемување за 11,20 проценти. На крајот на третиот квартал тој број изнесувал 302.257, односно 54 проценти од домаќинствата во државата користеле широкопојасен интернет. Кај мобилниот  широкопојасен интернет променета  е во нагорна линија за 15,92 проценти, и кај таа услуга се евидентирани 446.288 активни претплатници.

Кај претплатниците во мобилната телефонија во третиот клвартал лани се бележи раст од 1,9 проценти. Заклучно со третиот квартал минатата година вкупниот број изнесува 2.299.926. Пазарниот удел на Т-Мобиле Македонија  е  49,5 проценти, на ВИП 27,2 проценти, а на ОНЕ 23,3 проценти.

Вкупниот број пак фиксни линии изнесува 407.896. Евидентиран е голем раст кај бројот на телефонски линии преку кабелски мрежи, за 39,12 проценти, односно од 40.331 линија во третиот квартал од 2011 на 56.110 во истиот квартал лани. Се забалежува и континуиран раст на пазарниот уден според бројот на претплатници на алтернативните оператори кои обезбедуваат фиксни телефонски услуги.

Во третиот квартал лани имало 263.953 ТВ претплатници, што во однос на истиот период од 2011. претставува зголемување за 9,21 процент. Најголем раст на бројот на претплатници има кај IP телевизијата од 35.409 на 58.385, или за 64 проценти, по што следат претплатниците во кабелската мрежа со зголемување од 156.518 на 166.057. Има намалување  од 22,7 проценти во делот на претплатниците на дигиталната телевизија, од 49.003 на 37.862

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања