17 Декември, 2025
0.0543

АЕК: Сите мобилни оператори сакаат 4Г фреквенции

Објавено во: Економија 24 Јуни, 2013 18:56

Добивај вести на Viber

За 4Г фреквенциите се заинтересирани трите мобилни оператори кои функционираат на македонска територија. Како што информираше Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), понуда до нив стигнала од Вип, Оне и Т-мобиле, работат во Македонија за одобрението за воведување нови услуги од четвртата генерација на мобилни комуникациски услуги. Трите оператори, исто така доставиле понуда со почетна вредност од 10 милиони евра за секое одобрение. „АЕК е посебно задоволна што по успешно спроведената дигитализација на преносот на телевизиски содржини, кој заврши на 1 јуни, и по успешно спроведување на оваа тендерска постапка, ќе се отвори можност за воведување нови услуги од четвртата генерација на мобилни комуникациски услуги. На тој начин Македонија го потврдува своето лидерско место, како земја која прва ги воведува овие технологии во нашиот регион“, соопштија од АЕК. Според АЕК, јавното наддавање за доделување на трите нови одобренија за 4Г, ќе се изврши на 10-ти јули. Од Агенцијата посочија дека услугите од четвртата генерација ќе им овозможат користење на мобилен широкопојасен интернет на корисниците во Македонија со висок квалитет и брзина.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години