17 Декември, 2025
0.0584

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Објавено во: Економија 17 Декември, 2025 10:02

Добивај вести на Viber

Д-р Фатих Шахбаз е назначен за нов Главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје. По успешно спроведените законски и регулаторни процедури, Народната банка даде одобрение за назначување на новиот ГИД,кој Банката ќе ја води во следниот период. Со оваа одлука, Халкбанк продолжува со стратегиски ориентиран и стабилен развој, под раководство на искусен професионалец кој зад себе има повеќе од две децении богато искуство во банкарскиот сектор.

Д-р Шахбаз својата кариера ја градел во рамките на Türkiye Halk Bankası A.Ş., каде последователно извршувал различни значајни функции, од специјалист, внатрешен инспектор, директор и раководител на филијала, до менаџер на оддел и директор на група.На 1 декември 2022 година бил назначен за заменик генерален директор задолжен за Управување со човечки ресурси и Секторот за поддршка, а од 17 јули 2025 година ја извршувал функцијата заменик генерален директор задолжен за Управување со поддршка и Дигитална трансформација.

Неговото академско образование, богато професионално портфолио и долгогодишната експертиза како и искуството во менаџирање со клучни сегменти од банкарското работење,претставуваат силна основа во понатамошниот развој и водење на Халкбанк во Македонија.

Халкбанк АД Скопје е стабилна и високо позиционирана банка на македонскиот пазар, еден од најзначајните двигатели на економијата во државата и стабилен партнер на македонските компании и граѓани, со континуиран раст и силни финансиски показатели. Банката ја заврши 2024 година со актива од 1,852 милијарди евра, кредитно портфолио од 1,17 милијарди евра, депозитна база од 1,325 милијарди евра и нето добивка од над 30 милиони евра. Веќе во вториот квартал од 2025 година активата порасна на 1.922 милиони евра, што е раст за шест месеци од речиси 71 милион евра, депозитната база достигна 1.443 милиони евра, додека кредитирањето вкупно се зголеми за речиси 158 милиони евра, резултати кои ја потврдуваат довербата на клиентите, професионалноста на тимот и стабилната улога на Банката во економијата.

Со поставувањето на Д-р Фатих Шахбаз за Главен извршен директор, Банката продолжува со јасна визија, стратегиски развој и посветеност во унапредувањето на финансиските услуги, дигиталните решенија и поддршката на економскиот раст и развојот на македонскиот пазар.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?