Добивај вести на Viber
Новиот објект е на површина од 1.670 метри квадратни. Со отворањето на градинката „Сонце“ ќе има место за згрижување на сите дечиња од општината.
Според градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, новата детска градинка која ги исполнува сите европски стандарди за ваков вид објекти, е од исклучително значење за најмладата популација на оваа релативно нова населба, но и за нивните родители кои веќе нема да мораат да пешачат во други населби за да ги носат своите деца во градинка.
Детската градинка има капацитет за згрижување на околу 200 деца од предучилишна возраст и за неа се издвоени 80 милиони денари буџетски средства. Со неа, во вкупно 54 градинки, се згрижени околу 27.000 деца.