Добивај вести на Viber
Почнаа да се прават новопроектираните улици покрај булеварот „Трета македонска бригада“ во скопски Аеродром. Цела населба од згради во меѓувреме никнува на овиј дел од градот, а надлежните посочуваат дека инфраструктирата мора да се обнови.
„Потребата од изградба на комплетно нова инфраструктура се појави поради сè поголемиот број нови објекти во овој дел од Општината. На тој начин ќе се овозможи полесен пристап и поврзување на новите станбени објекти со булеварот „Трета македонска бригада“, изјави градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски. Според пресметките, за оваа цел од општинскиот буџет се одлеале околу 60 милиони денари.
Според скопскиот градоначалник Коце Трајановски, во интерес на жителите кои купиле станови меѓу булеварот „Трета македонска бригада“ и воениот базен, Градот ќе ја направи главната улица „Васко Карангелевски, за која веќе се нарачани сообраќајните проекти. Тој додаде дека прво ќе се прави основен и градежен проект, па тендер за изведба, така што се очекува да се почне со нејзината изградба при крај на оваа година.
о постапка е, исто така, и изградбата на водоводната мрежа, со која ќе се напојуваат овие згради. Објавен е и тендер за парно греење што ќе оди паралелно со „Трета македонска бригада“, така што тие што ќе ги прават секундарните приклучоци на парното греење треба паралелно да работат на тоа за да можат не есен да се приклучат, додаде Трајановски.
Новите сервисни улици и паркиралишта ќе зафатат 13 илјади квадратни метри вкупна површина, а нив ги прават фирмите „Трансмет“, „МГИ Инвест“ и „Бибај“.