Аферата со коњското месо стигна и во Бугарија, во Македонија нема проблем
Објавено во: Агробизнис 21 Февруари, 2013 18:43
Бугарската Агенција за безбедност на храната го потврди присуството на коњско месо во производи обележани како говедски кои се продавале и во оваа држава.
„Резултатите од двете испитувања на производите кои се повлечени од продажба биле позитивни на коњско месо, кое во едниот производ било присутно 80, а во другиот 50 отсто“, соопшти Агенцијата.Тестовите, кои ги биле работени во германска лабораторија, се порачани минатата недела кога 86 килограми „говедски“ лазањи се повлечени од синџир бугарски супермаркети, чие име не е соопштено.
Агенцијата за безбедност на храната денеска ги уништи овие производи, нагласувајќи дека на анализа испратила примероци од уште пет производи.
Во Македонија нема проблем!
Како што минатата седмица соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство, контролите биле спроведени веднаш по добиеното известување од британската Агенција за безбедност на храната дека смрзнатата храна од одредени производители, наместо говедско, содржи голем процент коњско месо.
„Во конкретниот случај, не станува збор за проблем поврзан со безбедноста на храната, туку со декларирањето, поточно со прекршок кој се однесува на измама на потрошувачите“, велат од македонската Агенција од каде најавија дека ќе продолжат со засилен мониторинг на операторите со храна во земјава и со следење на состојбата на европскиот пазар.
Скандалот со коњското месо ја тресе цела Европа, а не е исклучок ни Балканот. Пред Бугарија, коњско месо кое се продава како говедско беше пронајдено и во Хрватска, а скандалот се прошири и до Хонг Конг.
Според досегашните испитувања, спорното месо најверојатно потекнува од Кипар и Романија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





