ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Објавено во: Агробизнис 02 Декември, 2025 16:40
Афионот, кој порано се одгледувал на фарми или во полињата, полека ги освојува обработливите површини на север од Бачка.
На полињата во северна Војводина, покрај житото и маслодајната репка, оваа есен, поради недостаток на врнежи, срамежливо никнува уште еден растителен вид. Станува збор за афионот, кој не само што го зазема местото на пченката, туку особено и на сојата, од чија сеидба ќе се откаже и последниот производител по годинашниот принос од осумстотини килограми на хектар, во споредба со пченицата, пренесуваат српските медиуми.
За еден хектар лебно зрно потребни се најмалку 24.000 динари за ѓубриво, додека афионот е поскромно растение. Дава принос од 800 до 1.000 килограми по хектар, а оваа година, килограм афион достигна цена од околу 220 динари.
Засега, тоа е случај, но не треба да се заборави фактот дека афионот се одгледува на поголеми површини само во последните неколку години, што значи дека нема сериозни растителни болести и штетници.
foto Wikipedia/Македонец
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





