15 Декември, 2025
0.0295

АФЕРАТА УБЕР ГО ТРЕСЕ СВЕТОТ: Протекоа документи - вмешан и Макрон?

Објавено во: Свет 12 Јули, 2022 08:05

Добивај вести на Viber

Политички скандал во Франција. На британскиот весник „Гардијан“ му беа доставени илјадници документи кои покажуваат како популарната транспортна компанија „Убер“ регрутирала политичари ширум светот за да го турка „Убер“ и да му помогне да избегне правни процедури. Еден од нив е францускиот претседател Емануел Макрон.

Париз беше првиот град надвор од Америка каде „Убер“ се прошири. Отпорот на таксистите таму беше силен, често проследен со насилни улични протести. Амбициозниот банкар Емануел Макрон беше назначен за министер за економија во владата на претседателот Франсоа Оланд.

Документите што протекоа во британски „Гардијан“ покажуваат дека Макрон сметал дека компанијата има голем потенцијал за раст. Тој се сретна со менаџери и лобисти, а со претседателот на управниот одбор на „Убер“ веднаш беше на „ти“ и се сретна со него во Париз и Давос. И покрај тоа што судовите и парламентот им забранија на возачите без лиценца да ги нудат своите услуги по многу пониски цени, „Убер“ продолжи да го прави тоа кршејќи го законот.

„Ако навистина постоеше договор меѓу господинот Макрон и Убер кога тој беше министер за економија, барем парламентот треба да спроведе истрага за тоа што навистина се случило. Во овој момент, јас не би го обвинил“, рече Емерик Салмон, член на францускиот парламент.

Според документите, во таа мрежа била вклучена и поранешната еврокомесарка за дигитална агенда, Холанѓанката Нели Крос. Таа, наводно, тајно лобирала сметајќи на висока менаџерска позиција во „Убер“ по нејзиниот мандат. Затоа Европската комисија бара од неа појаснување за случајот.

Документите покажуваат дека поранешните шефови на Uber лично и наредиле на полицијата да ѝ биде забранет пристапот до компјутерите на компанијата за време на рациите. Гардијан ги сподели документите со меѓународен конзорциум на истражувачки новинари во 29 земји.

И додека новото раководство на „Убер“ се оградува од сè, документите покажуваат дека во процесот на лобирање помеѓу 2013 и 2017 година - вреден 90 милиони долари годишно - главната цел била да се регрутираат влијателни политичари за да и помогнат на американската компанија да ја уништи европската такси индустрија. А Макрон секако не е единствениот.


Можеби ќе ве интересира

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат