29 Септември, 2024
0.0255

Агелер: Јавноста заслужува институции на кои може да им верува

Објавено во: Македонија 20 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

На надлежните за спроведување на законите, на правосудството, на останатите владини претставници е да преземат натамошни активности и тоа е до нив и нивните одлуки треба да се базираат на законите во Северна Македонија. Ова го кажа амбасадорката на САД, Анџела Агелер на денешната пресконференција во амбасадата во Скопје. 

Таа потсети на вчерашната одлука, со која се прошири листата на граѓани кои се најдоа на „црната листа“.

- Се надевам дека неодамнешните активности на Вашингтон јасно ставија до знаење дека САД можат и ќе продолжат да ги користат сите алатки што им се на располагање за да ги повикаат на одговорност оние поединци и организации чии криминални активности ги поткопуваат безбедноста стабилноста и вредностите на доброто владеење на Северна Македонија, без оглед на позицијата, политичката припадност или времето на злоупотребите. САД, согласно законите, целосно се заложуваат за одговорност, без разлика дали овие поместувања доаѓаат од Стејт департментот, Министерството за финансии, трговијата или други институции на нашата влада - рече Агелер.

Таа порача дека со злоупотребата на службената положба, перење пари, поткуп и други прекршоци, се нарушува довербата на јавноста во правосудниот систем.

- Јавноста заслужува институциите на кои може да им се верува дека работат според демократските принципи, транспарентно и без компромиси. За Северна Македонија да ги надмине предизвиците што и претстојат и да ја постигне својата цел за просперитетна, продуктивна и ценета членка на европската заедница, корупцијата не може да остане неконтролирана. Корумпираните актери мора и ќе бидат повикани на одговорност, како што покажува ова означување - рече Агелер.

Таа додаде дека согласно американските закони, Министерството за финансии мора да го означи поединецот, кога ќе располага со цврсти докази за коруптивни и кривични дела и додаде дека истото важи и за Стејт департментот и за Министерството за трговија.

- Корупцијата, во каква и да е форма не треба да се толерира во оваа земја. Оние кои го поткопаа владеењето на правото за лична корист и на сметка на народот на Северна Македонија треба да сфатат дека корупцијата има последици. И се надевам дека граѓаните на оваа прекрасна земја ќе бараат интегритет од оние кои имаат влијание - рече таа. 

На прашање дали листата ќе се проширува со евентуално нови имиња, Агелер рече дека во моментов нема информации што ќе се случува понатаму. 

Посочи дека Американската амбасада не може да и кажува на која било институција во земјава што треба да презема, но дополни дека нашле значителни и важни докази за овие поединци да ги повикаме на одговорност и тие информации ги собрале тука.

Фото: Принтскрин/МИА

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“